Трендовите за убавина имаат една циклична тенденција. Сè има свој момент, па му проаѓа, па ќе пројде и време и додека се свестиш дека поминале 20-30 години, ете го пак во јавност. Сега се врати гранџ шминка.
Фино.
Значи, исцрнети очи, кармин со боја на цигла и мат пудри - модерни беа во ’90-те, а сега се по сите писти, црвени теписи и цел Инстаграм.
Дани Кимико Винсент, мејкап артист на славните, вели дека гранџ-естетиката се движи околу „храбра, остра и несовршена шминка што се противи на поп-културата“.
За нејзе, клучните карактеристики се неуредниот, исчаден молив за очи „како да си била на журка цела ноќ“, и длабоко црвена нијанса на кармин. „Овде не се работи за прецизно нанесен кармин со молив за уста - повеќе изгледа како да сте го ставиле во 2 по полноќ, во тоалет во диско.“
Уште една шминкерка, Сара Тано од Хаус Лабс, вели дека во гранџот не се работи за индивидуалните елементи, туку за колективната енергија што ја зрачи. „Гранџот ја има таа одлежана енергија, дозволува поголема слобода во смисла на немање правила за следење и зрачи со еден ‘ме заболе’ - став.“
На последната модна недела во Њујорк, манекенките имаа црно околу очите што изгледаше еднакво храбро колку што беше несовршено; мат пудри и мат кармини.
Време е да се стават прецизните тушеви во фиока, заедно со купиштата хајлајтери што ги имаме изнакупено, а за остатокот, да се одлучиме - коректорот на Меган Фокс, или цигла-боја кармин?