Пискотници се слушнаа од Лос Анџелес до Скопје кога некои медиуми со блага паника најавија дека се враќаат фармерките со низок струк. Претходно, излегуваа апокалиптични текстови за уште полошото ѕиркање на тангата од фармерки (прво, зошто пак танга, аман?!), за неодамна да се почувствува колективно „уф, добро е“, кога почнаа да се појавуваат слики со „пеглана“ коса.
За последново, излезе дека добило современ твист, што значи дека фала богу, нема веќе пеглање со реална пегла за алишта, легнати на даска, евентуално на пешкир, пред одење во МНТ.
Ама имаше ли потреба од коректорот?
Има малку надеж сепак. Како и исправената коса, и ова добива штимање за 2022, затоа што Меган Фокс не се шминка во подрум, туку ја шминкаат професионалци, а ниеден нормален професионалец што го заслужил тој назив нема да стави коректор.
Паниката настрана, веројатно нè чекаат цели колекции со светли кармини, без разлика дали е Фенти, Кајли Џенер или Џефри Стар.
Предлог име на нијанса:
„Дехидрирана“.