Пред некое време, Ребека Џенингс од Вокс се клади со другарка, која тврди дека никогаш во животот веќе нема да носи фармерки со низок струк. Се шушкало дека тука и таму се појавуваат, преку Бела Хадид, или модни ревии, по Менхетн… Сѐ симболи дека нешто ќе станува Нешто.
На телефон става римајндер, дека до 2025, другарка ѝ ќе носи панталони со низок струг без воопшто да има намера. Не дека е Џенингс фан на овој феномен - едноставно има трауми од средно од рани 2000-ти. Свесна е дека така сега функционираат трендовите: почнува нешто да жуборка под површина, прво го гледаат попреку и со страв дека е нешто што е само за млади и професионално убави, па со тек на време станува толку сеприсутно и разводнето, што дури и тие што не се замараат премногу го наоѓаат на себе (потсетете се на монологот за синиот џемпер од „Ѓаволот носи Прада“).
Се разбира, никој не треба да носи нешто што го мрази, само затоа што некој друг вика дека е добро. „Најмодерното“ нешто што може човек да го направи е да најде сопствен стил без да се потресува околу трендови.
Сепак, фактот останува: Фармерките со низок струк се повторно јака ствар.
Луѓето забораваат колку мразеле нешто што сега го сакаат. Едвај 12 години поминаа од кога Џесика Симпсон се осмели да се појави во панталони со висок струк на телевизија и медиумите избришаа под со неа. А Симпсон само беше понапред од другите, затоа што како се одмотаа 2010-ти, дојде минимализмот на сцена (и на цена) и отпорот кон лигавите Џуси Кутур моменти.
Во статија за фобија против дебелите и Y2K-модата, новинарката Келси Викман објаснува дека „не само што тие трендови се тешко достапни за луѓе над 38ца, туку и кога некој друг ќе се обиде со нив, изгледа мрзливо и растурено.“ Во своите мемоари, модната авторка и уредничка Габриел Корн ги врзува хиперсексуализираните модни трендови во раните 2000-ти со нејзините искуства за пол, сексуалност, нарушувања во исхраната и сексуални напади.
„Генерации пред нас, жените се бореле за правото да носат панталони,“ пишува таа. „Сега мораме да се осигураме дека тие панталони нема да нѐ натераат да се изгладнуваме, дека нема да нѐ казнат што сме ручале обилно и дека сите ќе можеме да ги носиме.“
Еве каде лежи проблемот: Веќе е доцна. Пред три години, во една летаргична недела пред Божиќ и Нова година, модната новинарка Сара Спелингс имаше визија. Зборувала со професионални предвидувачи на трендови, дизајнери од мејнстрим брендови како Левис и помалу луксузни производители како Линдер и заклучила дека во 2020-та, фармерките со низок струк ќе почнат да се враќаат на голема врата. Насловот тогаш беше: „Одбројувањето до фармерките со низок струк е започнато.“