И не, не е трендот со божем мокра коса - течната коса не треба да изгледа како да е мокра. Наместо тоа, замислете ултра-блескава, рефлектирачка коса, полна и мека на допир. Како на реклама.
„Ова е поздрава, пофина верзија од правата коса од ’90-те“,“ вели фризерката за славни Кларис Рубенстин. „Полесно се движи, како некој да ти истура течност по глава.“
Океј, значи поромантична, а со оглед на тоа што сме и поедуцирани - поспремна пеглана коса.
Наводно сме можеле сами. Прво, со мазно сушење. Разликата меѓу обичното фенирање и овој тренд е финишот. Важно е да не се претера со пеглата на крај и да се најде добар баланс меѓу производите.
И вака се прави:
- Нанесете хидрирачки производ за исправување и блокирање на влагата.
- Исушете ја косата што е можно помазно со округла четка.
- Дотерајте со пегла. Рубенстин забележува дека треба помали прамени, и внимание на врвовите.
- Последен чекор е елиминирање на залутаните влакна со лак за коса што дава сјај, само без претерување да не премине во „мрсен“ изглед.
И така, честито, фармерките со низок струк се вратија, косава во основа е „пеглана“, значи сме ’99.
Најсмешното? Ја рекламираат како да не сме ја носеле од прва до четврта средно - некои видеа тврдат дека „дури и за виткани коси може“. Знаеме, лежиш на даска, и другарка те гори со пегла-пегла. Ова не дека немаш пегла за коса, туку дека од некаде имаш чуено дека подолго трае.