Mинатата недела во Рокенрол куќата на славните влегоа Питер Габриел, Кет Стивенс, Кис и Нирвана. Медиумите кои го одбележаа настанот не пропуштија да спомнат дека некогашната група на Кобејн била дел од „гранџ" - поджанр на алтернативниот рок. За други пак актуелизирањето на овој термин беше повод да потсетат на големата измама поврзана со него.