Дерик Далесандро е човекот што бесно се обраќа на Инстаграм околу разликите во музиката, вкусовите и она што се очекува денес, наспроти пред 2-3 децении. Денес сме преплавени со 17-годишни, лепушкасти „музичари“ без грам искуство, а пред 30 години сме го имале Фил Колинс како најјак. Знаете ли вие колку треба да си прејак за да те слушаат, да продадеш милиони албуми, иако изгледаш како руски механичар и како да продаваш колонска вода на телевизија?