Сега прозборува уште една поранешна девојка, за нејзиниот исксутво со напад од страна на Оскаровецот, чија кариера некако успеа да куртули во #MeToo време. Во есеј за Варајети, писателката и активистка против семејно насилство Дона Каз раскажува како нејзината романса со него се претворила во мачење што завршило само кога му тргнало во кариерата и ја откачил.
Се запознале во ресторан на Менхетн каде што таа работела. Хурт ја поканил да дојде со него во Лос Анџелес, каде што снимал филм. Живееле во бунгалов на плажа во Малибу и кога бил слободен, пливале, си читале поезија и воделе љубов - но врската за кратко се претворила во поинаков циклус, како што вели.
„Ќе се изнервираше, ме буткаше, ме удираше и ме тепаше, па плачеше, се извинуваше и ми нудеше скапи подароци. Кога почнаа нападите, се затворив. Можеби ги предизвикав. Само еднаш требаше да одам во Ургентен центар. После многу, многу години, едвај успеав да си признаам дека бев жртва на семејно насилство.“
Пишува дека останале во контакт откако ѝ раскинал во 1980-та, без да сфати дека била малтретирана додека не почнала да волонтира на кризни линии.
Во 1989, Сандра Џенингс која има и дете со Хурт, обвини дека физички и вербално ја малтретирал и ја удрил во лице пет дена откако се породила.
„Ќе се напиеше еден пијалак и му се менуваше карактерот. Па, ако не пиеше два дена, стануваше насилен. Почнав да го гледам тоа, затоа и почнав да одам на состаноци за алкохоличари. Тој одбиваше воопшто да зборува за тоа.“
Во 2010 се појави Метлин - нејзините приказни се во нејзините мемоари, каде што се сеќава како ја напаѓал во лимузината откако добила Оскар и ја прашувал, „Зошто мислиш дека го заслужуваш?“
Ова не е ни најстрашното што го опишува: Наводно, еднаш се вратил од гостување на телевизија пијан и ја разбудил.
„Следно што знам е дека ме извлече од кревет, ми се дереше, ме тресеше. Се исплашив, липав. Потоа ме фрли на креветот, почна да се соблекува и себе и мене. Јас плачев, викав не.“
Завршува со силување.
Додека беше жив, Хурт одрекуваше, но за обвинувањата на Метлин има изјавено,
„Јас како што паметам, и двајцата се извинивме и направивме многу за да си ги залечиме животите. Се разбира, се извинив и сега се извинувам за било каква болка што сум ја предизвикал. И знам дека и двајцата имаме пораснато. На Марли и нејзиното семејство им посакувам само добро.“
Хурт почина на 13 март од рак на простата и светот почна да се расфрла со пофалби. Каз вели дека морала да спречи споменот на него да остане до нејзе и повторно да ја малтретира.
„Со пишувањево морав да дозволам уште малку да поживее. И во тој момент имаше тага, каење, бес и сон за смирување што никогаш нема да се случи,“ пишува таа. „Имав среќа што преживеав и го надминав. Екстатична сум што сум жива и можам да ја кажам мојата вистина.“