Ова станува вирално и дигитално, главно заради инстантниот (иако привремен) ефект на вајање што се постигнува.
Сепак, ова е не е баш нова работа. Самолепливите ленти се присутни веќе со децении и ефектот е сличен на висока, цврста опашка што ти ги влече веѓите нагоре.
Има два типа на лента за лице. Првиот тип се поврзува со ластик, се врзува околу глава и се маскира со коса преку него. Другиот тип се индивидуални лепливи парчиња што не се поврзани, а често се користат за да се постигне она превиткување на капакот каде што природно го нема.
На очи и најчесто се става, бидејќи им дава поткренат и издолжен изглед.
Патем, има ризици колку што е глупо и привремено - кожата може да се оштети, лентите треба да влечат, па потребни се големи количини лепак. Со пролонгирана употреба, кожата може и да потемни и да чеша. Можат да настанат и алергии.
Наспроти ова, има дерматолози што се колнат дека „ништо нема да ти биде“, освен ако не си алергичен на лентата и за кои единствен проблем е да не ти се залепи лентата за коса. Оние со ризиците ко да се повеќе за верување.
Штом ќе се нанесат, можат да се носат неколку часа (до 10-12, во зависност од брендот). Некои лекари препорачуваат да се носат пократко за да се избегне иритација.
Сѐ тоа во ред - ама има ли поента, кога пак треба да дојдеш дома, да ги извадиш и да ти падне фацата? И никој ли нема да обрне внимание дека буквално ја тегнеш кожата како на Hellraiser, па прашање на време е кога уште повеќе ќе се опушти и ќе почне да виси?