Се работи за алатка за вајање со која се поминуваат контурите на лицето. Направена е или од жад или од кварц. Се смета дека помага со лимфна дренажа и на тој начин се постигнува намалена отеченост на лицето.
Сепак, дали се работи за чудо?
Помагаат во циркулација, а се тврди и дека вајаат, тонираат и зацврстуваат кожа, па станува посјајна, помазна, се намалуваат фините линии и се подобрува еластичноста. Во комбинација со серум или крема, помагаат подобро да навлезат во кожата и се фини со осетлива кожа.
Сепак, сепак - што е пресудата?
Можно е да помагаат. Затоа што, „во моментов нема клинички истражувања што докажуваат дека ‘ролање’ со жад нуди придобивки за кожата.“ И објаснувањето е дека ефектот на масажата, а не составот на камењата, е тоа што помага.
Како се користи?
Го движиш од центарот на лицето нагоре и надолу и на тој начин се тркала каменот кон лимфните јазли. Ова поттикнува дренажа на течности и се спротиставува на гравитацијата и ја поткрева кожата.
Се чува во фрижидер - жадот е природно ладен на допир, но некои луѓе го чуваат во фрижидер за дополнително освежување.
И, се чисти редовно затоа што може да се рашират бактерии - доволно е топла вода и сапун после користење, а да се чува на чисто и суво место.