Потврдува Варајети, дека британската авторка работи на сценарио за нова оригинална серија на Амазон, што ќе влезе во продукција годинава.
Сè уште немаме детали за приказната, дури ни за жанрот, но со оглед на тоа колку брзо се движи работата, може нема ни да чекаме многу.
Претходно се зборуваше за друг проект на Амазон, каде што Волер-Бриџ и Доналд Гловер требаше да работат на серија „Г-н и г-ѓа Смит“, адаптација од филмот со Анџелина Џоли и Бред Пит, ама од тој проект излегла (за жал, замислете што ќе беше тоа!)
За тие што уште се мислат која е, ако сте гледале Killing Eve - токму Волер-Бриџ е мастермајндот зад таа серија.
Откако заврши втората сезона на Fleabag, фановите паѓаа на коленици за трета, но Фиби смета дека ѝ е доста.
„Мислам дека е завршена, ама фантазирам да ја вратам кога ќе имам 45 или 50 години. И да бидам искрена, мислам дека е нај-најубав начин да се збогуваме со тоа, сепак. Навистина ми изгледа како приказната да е завршена… Како така да треба.“
Види и: 73 прашања со Фиби Волер Бриџ