73 прашања со Фиби Волер Бриџ

Тие што ја знаат, веројатно се веќе во депресија што нема 100 сезони Fleabag, тие што не ја знаат нека гледаат Fleabag.

Не, најозбилно, гледајте „Вреќа болви“. На англиски, изразот се користи за мивка, мизерија од човек, нешто што главниот лик секако не е, ама секако се пронаоѓа во описот, како и многу млади жени со непријатни спомени од детството и горчливи животни искуства. Ова може да ви звучи како депресивен концепт, само што и покрај жанрот трагикомедија, серијата е многу, многу смешна, и неочекувано британски цинична.

И целосен автор и главна улога е Фиби Волер Бриџ, и тука и на Killing Eve.

Сега ѝ доаѓа она досадничко гласче со камера од Вог и оди по нејзе низ театарот каде што пробува и ѝ поставува 73 прашања.

Меѓу другото, има одличен совет за кога си креативно блокиран: читај и шетај наоколу. Омилен цитат ѝ е „Пишуваме за да го вкусиме животот два пати“, и има нешто да ни каже за црвените телефонски говорници во Лондон.

Со најомразеното прашање може да се согласиме:

„Како е да се биде жена во комедија, како е да се биде жена во индустријава, како е да се биде жена?“

И кој сака, трејлер за Fleabag:

12 мај 2021 - 10:51