Тајните хотелски секс-забави на мега-богатите

Точно така како што замислувате е.

Информер е серија на Вајс каде што можат да се видат и чујат анонимни исповеди и детали за луѓето во внатрешноста на одредени индустрии, институции и настани.

Овде конкретно имаат хотелски менаџер кој открива како е да се работи во хотел за многу, ама многу богати. Еднаш сакаат да го изнајмат хотелот за тематска оргија, друг пат бараат помош да сокријат дека спиеле со вработени. Вели, добиваш слика за тоа колку многу пари се во прашање, кога незадолжително во лобито си разговараат за купување флота боинг авиони. Работата цеди и физички и психички, ако се земе предвид колку многу крв, телесни течности и гадотии (по подови, ѕидови и таван (?!)) можат да остават луѓето зад себе - особено кога се навикнати некој друг да чисти по нив.

18 март 2022 - 00:01