Кралицата Елизабета поголемиот дел од животот го има поминато во Бакингемската палата, а замокот Виндзор ѝ беше за викенди. Сега, трајно ќе се сели во Виндзор.
На почетокот на пандемијата во 2020, кралицата се преселила во Виндзор фул-тајм, заради изолираноста и за нејзе и за персоналот. Кратко потоа, ѝ се придружил и принцот Филип, и во последната година од неговиот живот секој ден вечерале заедно. Сега, гледајќи ја упорноста на пандемијата, одлучила да остане таму засекогаш.
Уште една причина за ова е што Бакингемската палата во моментов се реновира во процес што ќе бара 10 години.
„Ресервисирањето не завршува до 2027,“ вели еден кралски извор и додава, „Додека трае, не е баш место за долгорочно живеење.“
Замокот Виндзор е поблиску и до живеалиштата на нејзините деца, а и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон наводно бараат нова куќа што ќе биде поблиску до неа. Апартманот во Кенсингтон ќе го задржат. Принцот Чарлс секако планира да се пресели во Бакингемската палата кога ќе стане крал, иако е вљубен во неговата резиденција во Лондон - Кларенс Хаус.
Ако се враќа кралицата во Бакингемската палата, нема да биде за живеење туку за вршење должност - затоа и едно од имињата на палатата е „штабот“.