„Во светот постои една индустрија - од милиони, трилиони долари - за затскривање,“ пишува таа. „Коректори. Мидери. Филери. Процедури. Облека. Додатоци за коса. Производи за коса. Сè тоа треба да ја затскрива реалноста на она што сме. Јас не сакам да има било какво затскривање.“
Објави слика од себе облечена како даночен ревизор за улогата заедно со пораката. Седи во кјубикл, без измени во реалниот изглед и гордо го покажува стомакот во светло-жолт џемпер.
„Стомакот го вовлекувам од 11-годишна возраст, кога стануваш свесен за машки и за тела, а фармерките се претесни,“ вели Џејми. „Многу одлучно решив да го опуштам и да го ослободам секој мускул што сум го користела за да ја сокријам таа реалност. И никогаш не сум се чувствувала послободно, во креативна и физичка смисла.“
Инаку, филмот ќе следи кинеска имигрантка која истражува други универзуми од себеси и учи за повеќето животи што би можела да ги има, во обид да го разбере сопствениот. Трејлер има од декември, а ќе глумат Мишел Јео, Џени Слејт и Стефани Су.