Изјавата е,
„Го имам најдобриот совет за жени во бизнис: Загреј го столчето и фати се за работа. На никој изгледа не му се работи во денешно време.“
„Тоа е навистина така,“ потврдува Кортни Кардашијан.
И продолжуваат:
„Морате да се опкружите со луѓе што сакаат да работат. Да имате добра работна атмосфера каде што сите го сакаат тоа што го работат. Не смее токсична работна средина.“
Ова звучи симпатично, сè додека не ти текне дека таткото на Кардашијан беше богат и славен човек, а Ким има пораснато во Беверли Хилс. Не само тоа, децата во тоа семејство растеле во богатство и со влијателни родители, па луѓето се бунат дека е лицемерно на луѓе што имале помалку среќа во животот да им се занесуваат дека треба понапорно да работат. Некои не се ни сомневаат дека и Ким Кардашијан работи, ама едноставно - не им се верува.
Има коментари како „лесно е кога имаш милиони и луѓе што работат за тебе.“
Меѓу другото, извесна Џесика Дефино, испровоцирана од „советите“, сподели дека веќе има искуство со Кардашијан како работодавачи:
„Бев уредник на Кардашијан апликациите во 2015 во Лос Анџелес, работев деноноќно и за викенди, можев да си дозволам да купувам само во продавници ‘Сè за 99 центи‘, неколку пати земав боледување затоа што немав пари за гориво за да стигнам до канцеларија и на крај ме искараа дека сум работела и нешто фриленс на страна.“
А како јаготка на шлагот, некој ископа оглас за работа во „Џенер комуникации“, за неплатено стажирање:
“No toxic work environments” pic.twitter.com/cIOxcoyPgc
— 🌸 amanda walujono 🌸 (@misamandary) March 9, 2022
Последново и не е некое изненадување, со оглед на тоа што Кајли Џенер е тешка на давање пари.
Ботом лајн: Лесно е да делиш совети за бизнис ако си Кардашијан/Џенер.