Кајли Џенер од фановите бара пари за операцијата на нејзиниот шминкер

Кајли Џенер, инаку милијардерка (значи милијардерка), ја пизмат на Твитер што сподели GoFundMe кампања за собирање пари за операција на нејзин близок.

Шминкерот Семјуел Рауда доживеал грда сообраќајка - излетал од кола и има повреди на мозок, па семејството, соочено со ужасното американско здравство и неможноста да ја исплатат целата болничка сметка, отворило GoFundMe. Кајли и самата донираше (после ќе ви кажеме колку), па ја сподели кампањата со фановите и ги замоли и они ете, ако може нешто да дадат за човекот да може да си плати. Што е, нели, супер, бидејќи има огромна платформа, но луѓето со право се прашуваат зошто едноставно не ја платила целата сума од потребните 60.000 долари.

Значи потребни се 60.000 долари, што е, ако заокружиме дека Џенер има милијарда - 0.006 проценти.

Донирала 5000 долари. Значи, 0,0005.

Исто како малку посиромашната Бела Торн која вреди 12 милиони долари.

Ова на Твитер се рашири како пожар, со коментари од типот, „Кајли на ќерка ѝ родена завчера ѝ купи ташна од 15.000 долари, а сега бара пари од фановите“.

Или,

„Не се работи за тоа дека не платила сѐ сама. Секоја од нејзините сестри е милионерка. Родителите ѝ се милионери. Пријателите ѝ се милионери. Ама од СРЕДНАТА КЛАСА бара пари. Какво семејство….“

Кајли сѐ уште нема јавно изреагирано. На посериозна тема, семејството на Рауда вели дека се бори, дека е тешко, но дека е силен. И среќата во целата трагедија е што парите се собрани и основната потребна сума е дуплирана. Па, со среќа.

23 март 2021 - 12:12