Знаевте ли на пример, дека некои луѓе се наштелувани да сакаат повеќе секс? Поточно, едно истражување покажува, дека уникатниот начин на кој ни е „наштелуван“ мозокот налага и колку сексуални партнери ќе имаме. На испитаниците им мереле активност во мозокот додека им покажувале слики, од кои некои биле сексуално сугестивни, па им поставувале прашања: тие со повеќе партнери, покажувале „поголема мозочна активност“ кога ги гледале сугестивните слики.
Понатаму, еве мотивација да поработите на холестеролот - ќе бидете поспремни. Мажите кои примаат лекарства за намалување на холестеролот, или го намалиле на друг начин, забележале подобрување во перформансот.
Се разбира, ова не значи дека треба кљукање со лекови за холестерол, туку значи очигледното - држ‘те го холестеролот каде што треба, затоа што висок холестерол знае да предизвика еректилна дисфункција.
Трето, и уште едно што зависи од штелување - мажите природно обрнуваат повеќе внимание на партнерот за време на секс и им се создава непријатност и недоверба ако забележат дека на другата страна не ѝ се седи тука.
Четврто и веројатно попознато - непријатниот факт е дека младите мажи чувствуваат многу притисок да станат сексуално активни порано во врската. Интересниот, а сепак недоволно дискутиран факт е дека истражувања покажуваат дека младите мажи се многу помалку заинтересирани за секс отколку што медиумите прават драма. Дури 56% од нив почувствувале олеснување кога нивните партнерки изразиле желба да почекаат малку. А дури 21% од мажите на возраст од 15 до 21 година, рекле дека чувствувале притисок да почнат со сексуална активност, пред воопшто да бидат спремни за тоа.
И жени, дали знаевте дека колку сте физички привлечни може да зависи од периодот на овулација?
И уште нешто што е фино да се знае ако планирате патување во Америка, да речеме: Повеќето Американци имаат полово пренослива болест.
Ете така.