Bookbox

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Букбокс гледаше: „Саканиот“ (2026) или кога со скриени камери ќе ја снимиш првата средба на актерите кои добиле различно сценарио

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Репортажа од Варшавскиот филмски фестивал, ден последен: Вајдскрин е добар само за змии и погреби

Критичарите се крвопиите на индустријата. Никој не нѐ сака. Уште Волтер пишува за овие пијавици кога Кандид ќе стигне во Париз. Ама некој мора да го прави тоа, а и јас се декларирам како филмолог.

Солта наша насушна

Ја користиме без да размислуваме за неа, но поради неа се граделе градови, се отворале рудници, се создавале трговски патишта и политички монополи. Изложбата „Сол: дизајнерска приказна“ во Музејот за дизајн во Атланта ја раскажува историјата на цивилизацијата преку еден од нејзините најобични, но и најважни материјали.

Неуспешниот план Јапонците во Втората светска војна да се победат со - радиоактивни лисици

Неверојатната идеја со кодно име „Операција Фантазија“ требало да ги деморализира силите на Оската со имитирање на митолошки духови.

Ти Боун Барнет и неговата песна од 5000 стихови

За Џозеф Хенри Барнет, попознат како Ти Боун, сме пишувале и претходно, но како продуцент и автор на филмска музика (The Hunger Games, Crazy Heat, O Brother, Where Are Thou? и др.). Но еве го сега со нов албум со сопствена музика, и што е уште поинтересно, сопствени стихови.

Нема веќе „дами и господа“ на авионите на најголемата јапонска авио-компанија

Japan Airlines е една од глобалните авио-компании кои воведуваат родово неутрални поздрави до патниците.

„Мојaта учителка - октопод“ (2020)

„Неверојатна приказна која ги покажува можностите луѓето да се поврзат со природата и другите суштества“. „Вчудоневидувачки и инспиративен“. „Длабоко медитативен“. Наречете нè цинични, но секогаш кога ќе се појават вакви во-несвест-паѓачки рецензии нам ни е нешто сомнително.

„Лапот“ - дипломскиот труд на неодамна починатиот Горан Паскаљевиќ

Српскиот режисер, сценарист и продуцент почина на 25.09 во Париз, на 74 години. Припаѓаше на легендарната генерација југословенски режисери од Прашката школа, а го режираше и „Буре барут“ по сценарио на Дејан Дуковски. Неговото прво дело е краткометражен филм за една подзаборавена легенда.

Дали Французите ќе ги ископуваат телата на Рембо и Верлен?

За да се обезбеди „диверзитет“ на париските гробишта на славните, дел од француските интелектуалци предлагаат таму (во Пантеонот) да бидат пренесени телата на двајцата омилени поети, кои биле во интензивна и често насилна врска. Но има и такви кои велат - оставете ги луѓето на раат. 

Новинарот кој ја разоткри најголемата медицинска катастрофа на сите времиња

Вчера, 24.9, на 92 години почина сер Харолд Еванс, британско-американски уредник и новинар, кој во моментот на смртта сè уште работеше како уредник на Ројтерс. Една од неговите најзначајни истражувачки стории е онаа за лекарството Талидомид, кое било причина за голем број деформации кај новороденчиња.

Дали Хегел бил расист?

Најголемите модерни филозофи верувале дека црните и домородните народи во светот биле примитивни, инфериорни и дека за ова да се смени требало да им се наметне европско образование и просветителство. Дали расизмот на поединци влијае врз нивните филозофски системи, кои денес се изучуваат како врвно знаење?

Што значи да си „присутен“ на час во ерата на Ковид?

Има добра причина за бележење на оправданите и неоправданите изостаноци од школо - самото присуство на час е дел од образовниот процес но и од социјализацијата која ја овозможува училиштето. Бројот на ученици е и основата за тоа колку вработени се потребни во училиштата и како е организирана наставата во нив. Што е со сето ова во ситуација на онлајн настава?

Скриениот трошок на слушањето музика на интернет

Секој кој пробал да слуша музика на некој од стриминг сервисите знае колку чиста работа знае да биде тоа - полесно отколку нарачка во кафана. Кликнеш копче и почнува да свири. Но дали навистина ова е толку не-материјален чин колку што изгледа?

Хедонометар или алгоритмите што ни го детектираат расположението онлајн

Иако анализата на чувствата содржани во онлајн текстовите е далеку од совршена, таа успева да извлече значење од големо количество податоци и може еден ден да биде користена за следење на менталното здравје. Иако секој кој вложил барем малку време во набљудување со учество на социјални мрежи и без диплома од психологија знае да го процени ова.

„Интернет архив сколар“ ќе дигитализира и чува милиони научни статии

Кога станува збор за академските списанија, дискусијата главно се води околу тоа дали тие се платени или слободно достапни. Но и за чување на вторите се потребни ресурси и пари, кои институциите понекогаш ги немаат. 

„Социјална дилема“ (2020)

И покрај навидум атрактивниот наслов, тука не станува збор за никаква дилема. Јасно е ко ден дека сме навлечени. Само станува малку повидливо кои се луѓето кои се заслужни/виновни за тоа. Да, некои од нив даваат изјави, покајнички, како да учествувале во воени злосторства. Ама, ту лејт.

Средовековната мајка што го подучуваше синот на далечина

Мајка сте од деветиот век, а синот-тинејџер ви е киднапиран од политичкиот ривал на вашиот сопруг. Оддалечени сте со километри. Нема интернет. Но сакате вашето дете да добие добро образование. Што ќе сторите?

Зошто Рут Бадер Гинзбург е легенда?

25 години помеѓу судиите на Врховниот суд на САД. Втора жена која е избрана на ваква функција во историјата на американското судство. Рут Бадер Гинзбург е една од иконите на американската борба за човекови (посебно женски) права. Почина на 18 септември на 87 години.

„15 кучиња“ од Андре Алексис

Животните обично зборуваат во басните, во детските сликовници и во сатирични дела. Овој роман на канадскиот автор Алексис може да се чита и како филозофска лектира, но и како забавен увид во светогледот на кучињата, кој тотално се пореметува кога некој со сила ќе ги направи - луѓе.

Нож од замрзнат измет и нарцисоидни веѓи: Иг Нобел 2020

Една од работите на која се радуваме секоја есен е пародијата на Нобеловите награди, која оваа година се доделува по јубилеен, 30-ти пат. И навистина содржи живописни истражувања.

Веселите гробари од Гана

„Танцувачки носачи на сандаци“ се група талентирани мажи од регионот на Акра во јужна Гана, кои можат да организираат два вида погреб - сериозен и „шизички“. Вториов подразбира многу играње и екстравагантна гардероба.

Како ги научивме машините да дишат наместо нас?

Денес основите на човечката респирација и метаболизам делуваат очигледни, а исто така здраво за готово се земаат и вентилаторите и респираторите на кои дишат оние кои имаат проблем со природното дишење. Но имало времиња кога неспособноста на телото да земе здив било неразбирливо, неизлечиво и фатално.

Фанови на хорор филмови се психолошки поотпорни на последиците на пандемијата

Некако има логика. Толку стравови и ужаси си видел на филм што си создал „имунитет“ на страв. Пандемијата во однос на сцени од Kрипшоу (1, 2 и 3) изгледа како Дизни.

Љубовната приказна на Франц и Бајазид

Баронот Франц Нопча фон Фелше-Шилвас бил унгарски авантурист, палеонтолог, албанолог. Бајазид Елмаз Дода бил албански етнограф и фотограф. Нивната крајно интересна а трагична приказна е материјал за роман, кој не е напишан. Но и на документарец кој е направен во 2016.