2020 за многумина е најлошата година во нивните животи - од психолошки, економски, социјален аспект. Иако ваквиот опис е прилично субјективен, според една мерка е истовремено и точен.
Се вика „Хедонометар“, а овозможува компјутеризиран пристап и до нашата среќа, и до нашиот очај. Се „врти“ по цел ден на компјутерите на Универзитетот Вермонт, каде обработува околу 50 милиони твитови дневно, а потоа исфрла прилично зипувана проценка на генералното расположение. Според него, 2020 е далеку најлошата година откако е пуштен во употреба, во 2008.
Програмата која можете да ја следите тука е неодамнешна инкарнација на задача на која компјутерските научници работат повеќе од 50 години: користење компјутери за проценка на емоционалниот тон на зборовите. За конструирање на Хедонометарот било потребно машината да ги разбере емоциите позади твитовите - процес наречен „анализа на сентименти“. На следниов графикон се прикажани податоци од средината на август 2019 до денес и настаните кои ги предизвикале чувствата. Забележете рекорден пад на расположението на почетокот на март, што коинцидира со пандемијата.
Освен проценката на емоционалната температура на Твитер, истражувачите користат анализа на сентименти за да ги регистрираат перцепциите на луѓето поврзани со климатските промени и да тестираат конвенционални ставови, како на пример дека акорди во молска скала се потажни отколку во дур (и ако да, колку).
Сепак, анализата наидува и на големи проблеми, особено затоа што речениците машината ги третира како „каша“, без да го земе предвид редот на зборови и нивниот општ контекст. На пример реченицата „Среќен сум што мојот ајфон воопшто не личи (is nothing like) на мојот стар грд Самсунг“. За човек е јасно дека едниот телефон е подобар од другиот за конкретниот корисник. Но компјутерот ги детектира придавките но не ги припишува на конкретните телефони, или пак може да ги помеша. Исто така одредени изрази може да го збунат, на пример спомнатото „nothing like".
„Читањето“ на расположенијата земаат предвид и конкретни теми, како на пример ефектите на тоа дали е сончево или врне врз расположението. Во 2016 Ник Обрадович, сега во Институтот Макс Планк во Берлин, анализирал 2 милијарди Фејсбук постои и 1 милијарда твитови. Се покажало дека 2.5 сантиметри дожд ја намалувало среќата на луѓето за 1%. Кога било многу ладно ефектот бил двоен. А пет години постојано високи температури лете го сменило чувството за „нормално“ на корисниците на Твитер, и тие веќе не се жалеле на жешко. На нашите социјални мрежи сите се жалат на сè, така што дождот или жештината е дури и една така, фина тема.