Олимписките научни височини се за пацери - добитниците на Иг Нобел комбинираат креативност, љубопитност и реален научен пристап кон проблеми на кои научниците од високото добро утро никогаш не би помислиле.
На пример. За да тестира валидност на приказна од книгата „Сенки на сонцето“ на антропологот Вејд Дејвис (за чијашто „Светлина на крајот од светот“ пишувавме тука), која на авторот му била кажана од Инуит по име Олајук Наркитарвик, Метин Ерен, и самиот антрополог од Универзитетот Кент во Охајо, направил нож од сопствениот замрзнат измет. Потоа се обидел со него да пресече животинско крзно, но без успех. За него, добивањето на Иг нобел за овој „пронајдок“ претставува „остварување на сонот“, иако приказната дека Инуитот кој бил избркан од дома со тој нож убил куче, ги претворил неговите коски во санка и исчезнал во ноќта, се покажала како невозможна.
Оваа година церемонијата беше одржана онлајн, е на како вообичаено на Универзитетот Харвард. Беа доделени 10 признанија за постигнувања во полето на физиката, мирот, психологијата, економијата, медицината и др. На добитниците ќе им биде испратена коцка од хартија и новчаница од 10 трилиони долари, ама од Зимбабве.
Наградата за физика ја доби истражување кое за формите кои ги прават црвите кога вибрираат на висока фрекфенција. Наградата за мир ги чествуваше владите на Индија и Пакистан чии дипломати си ѕвонат на вратите среде ноќ и бегаат пред некој да отвори. А наградата за психологија отиде кај истражувачи кои откриле начин за идентификување нарцисоидни личности според нивните веѓи. Сепак најоткачена оваа година е наградата за акустика, која отиде кај тим кој направил кинески алигатор да испушта високофрекфентни звуци откако му дале да вдише хелиум.