Bookbox

Стелан Скарсгорд е шведски актер најпознат по својата соработка со Ларс фон Трир, но и по неколку американски блокбастери. Во неодамнешно интервју тој се отвори во врска со соработката со славниот Ингмар Бергман. 

Пар на своја 50-годишна возраст прави лоша инвестиција и губи големи пари. Наскоро стануваат бездомници, а сопругот е дијагностициран со тешка болест. Немајќи друго чаре, тие почнуваат да пешачат, над 1000 километри, живеејќи од добрината на непознати. Вдахновена приказна, само, дали е вистинита?

Ерик Ајдл: „Ништо не е посмешно од луѓе што не се смеат“

Koга во 2021 излезе веста дека поранешниот Монтипајтоновец е дијагностициран со рак на панкреас, нештата не изгледаа добро. Но сега, откако го преброди најлошото, на 83 години Ајдл се подготвува за првата Британска турнеја од 1973. Во интервју за Гардијан тој одговара на прашања поднесени од негови колеги и обожаватели. 

Ако имате кошмари може да ви е од - сирењето

До сега мал број научни истражувања ја испитувале врската помеѓу храната и лошиот сон. Едно нова студија се обидува да го направи токму тоа. Заклучок: помалку сирење, особено навечер.

Необичната сличност помеѓу спортски навивач и верник

Исто како што заедничките молитви ги зближуваат верниците, така и заедничкото навивање - на стадиони, во дневни соби или онлајн - создава чувство на заедништво и припадност. Нова книга ја прикажува спортската вера како универзална потреба на луѓето за припадност и емоционална стабилност.

Во пресрет на Велигден: што е со зајците-убијци во средновековните текстови?

Ако ете така, од мирно седење, ви текне да разгледувате ракописи од европскиот 13-ти и 14-ти век, на маргините ќе забележите бизарни цртежи: група зајаци како на ражен вртат ловци или ги варат нивните кучиња. Запознајте се со жанрот - „Одмаздата на зајаците“.

„Доволно стари“: јапонско ТВ шоу во кое мали деца вршат задачи за малку поголеми

На Нетфликс се прикажува шоу во кое деца, тип мали-мали, се испраќаат сами во светот. Ако мислите дека е глупо, погледнете барем една епизода, да видите како ќе ви се стега срце дур следите четиригодишно дете крај автопат. И колку навивате за него да му текне кога ќе го заборави слаткото кари на излез од самопослуга.

Што правеле луѓето кога немало наочари?

Кусогледоста денес погодува милијарди луѓе, а голем дел од нив не можат да си дозволат да купат соодветни наочари. Стапката на миопии нагло пораснала со развојот на читачката култура, иако тоа „читачка“ денес значи зјапање во ситни букви на мали екрани.

100 години од раѓањето на првата југословенска режисерка

Софија „Соја“ Јовановиќ режирала многу пред (само) трите колешки кои до сега го имаат добиено Оскарот - Кетрин Бигелоу, Клое Жао и Џејн Кемпион. Во Југословенската кинотека во тек е изложба посветена на нејзиното театарско и филмско творештво.

„Јави се на Русија“: необичната активистичка кампања на Литванците

Како да влијаеш на мислење на еден цел народ, среде негова војна со друг? Лесно е - сврти му на телефон. Па толку ли е тешко да направиш еден муабет со непознат?

Горила горила, бизон бизон: што се тоа тавтоними?

Како научно име на видови во кои и двата дела на името (за род и вид) се идентични, тавтонимите се дозволени кога станува збор за животни, но не и за растенија. 

Најбрзиот хирург на сите времиња, единствен кој убил тројца со една операција

Доктор Роберт Листон влегол во историјата со една титула која навидум е ласкава - најбрз со хируршкиот скалпел. Но таа брзина, како и хигиенските и други ограничувања кои ја обременувале работата на хирурзите во средината на 19 век, го претвориле во нешто поблиску до убиец.

Најбизарните страници на Википедија

Еден Инстаграм профил под име „Длабочините на Википедија“ собира необични статии за уште понеобични ликови и настани кои кој знае од какви причини се објавени тука. Тие понекогаш делуваат како парчиња фикција, друг пат како освежување од здодевниот свет на „сувите“ факти.

Што е тоа „ефектот на Мандела“?

Кога не само еден човек, туку голем број луѓе верува дека некој настан се случил, иако тоа не е така. Кое би можело да биде објаснувањето за овој феномен?

Букбокс гледаше: „Купе број 6“ (2021)

Добитникот на Гран при во Кан зборува за предели во кои среде студенилото и мразот сепак се случува топла човечка приказна. 

Баби место психијатри

Во Зимбабве се одвива необична програма за зачувување и подобрување на менталното здравје, која може да помогне во изнаоѓање алтернативни начини за заобиколување на стигмата од одење на класичен психолог или психијатар, и поттикнување емпатија кон оние на кои таа им е најпотребна.

Познатиот руски актер, Јул Борисович Бринер

Малкумина знаат дека актерот со избричана глава, најпознат по своите улоги во „Десетте заповеди“ и „Седуммината величенствени“ има доста комплицирано потекло: руско, бурјатско, швајцарско, германско и ромско.

„Носот ми расте“: парадоксот на Пинокио

На денот на шегата и безопасните лаги (ако воопшто има такви), парадокс кој вклучува еден од стереотипно најголемите лажговци во популарната култура, а не е политичар. Измислен е од 11-годишно девојче, чиј татко ѝ дал задача да смисли верзија на онаа „Еден Грк вели дека сите Грци лажат“.

Марвел рамо до рамо со Гилгамеш и Бајрон

„Спајдермен“, „Црниот пантер“ и „Капетан Америка“ ќе бидат дел од серија стрипови издадени во познатата едиција Пингуин класикс.

По повлекувањето на Брус Вилис: што е тоа „афазија“?

Медицинската состојба која доведува до губиток или пореметување на јазичните функции е причината којашто беше соопштена вчера, 30.3., за повлекувањето од актерството на славниот Брус Вилис. Што претставува оваа болест и дали има лек?

Нов вид, „солидарен“ туризам

Шетањето заради проширување на видици за други култури, дружење, правење селфиња и купување сувенири не е ослободено од политички и идеолошки бремиња. Едно движење се обидува да ја промени природата на оваа индустрија, инсистирајќи на тоа посетителите на одредено место да добијат пореална слика за тоа каде навистина дошле.

Создадено платно кое може да ви го „слушне“ срцето

Истражувачите создадоа нов материјал кој истовремено реагира и како звучник, и како микрофон, регистрирајќи дури и тивки звуци и претворајќи ги во електрични сигнали. Носејќи ваков елек или кошула може да се одговара на телефон, и истовремено да се следат виталните параметри на телото на оној што ги носи.

ММЕ, кој (и како) го измисли стандардот за 10.000-те чекори

Движењето стана опсесија, нагласена од седечката и изолирана глобална пандемија. Повеќе од 500 милиони луѓе во светот носат фитнес алка или користат апликација за броење на чекорите во текот на денот. Стандардот кој тие (ние!) треба да го исполнат за да им се важи, некој, некогаш, рекол дека треба да е десет илјади чекори, или отприлика 8 километри. Кој е тој и како дошол до оваа „магична“ бројка?

Куче-робот ќе помага на археолошките наоѓалишта на Помпеја

Се вика Спот и ќе биде користен за да се идентификуваат безбедносни и инфраструктурни проблеми, вклучително и тунели кои ги копаат крадци на археолошки остатоци. Ова е прв пат на вакво роботче да му се најде примена во заштитата на културното наследство. 

Шест пати кога на Оскарите било нерешено

Во текот на 94-годишното постоење на Оскарите, само неколку пати се случило Академијата да даде еднаков број гласови во неколку категории. Еве ги тие необични моменти.

Половина век од „Кум“: продуцентите не го сакале Брандо

На синоќешното доделување на Оскарите, како дел од одбележувањето на годишнините од значајни филмови, на сцената излегоа Френсис Форд Копола, Роберт де Ниро и Ал Пачино. Повод да се потсетиме на трилогијата која денес е класик.

Истражувачката што спиеше 24 денови како мачка

Студентка на Универзитетот во Токио требало да пишува труд за поврзаноста на квалитетот на спиењето со неговата локација. Одлучила скоро еден месец да спие онаму кадешто спиеле нејзините мачки. Резултат: физички имало незначителна разлика во квалитетот и должината на сонот во споредба со спиењето во кревет. 

Како да предвидиш кој ќе добие Оскар за најдобар филм врз основа на - кивање и кашлање

Во „Амадеус“ на Форман, кога царот гледајќи опера ќе се проѕевнеше, тоа автоматски значеше намалување на бројот на изведби. Ако зевнеше повеќе пати, таа се симнуваше од репертоар уште следниот ден. Доколку проѕевањето е знак на здодевност па оттаму може да биде земено предвид при оценка на уметнички дела, каква врска имаат кашлањето и кивањето? Бидете така.

Фасцинацијата на хеви-металот со римските императори

Kaлигула, Нерон, други битни фаци од древната римска историја, се спомнуваат во поединечни песни и во цели концептуални албуми посветени на нив од жанрот хеви метал. Од каде оваа поврзаност?