Bookbox

Годишно, од убоди на најотровните африкански змии умираат или остануваат со трајни инвалиди илјадници луѓе. Овие бројки наложуваат изнаоѓање на поефикасен, поевтин и подостапен синтетички противотров. Еден таков, според нова студија, може да биде добиен од лами и алпаки. 

Новата биографска книга од Метју Коб нуди редок и живописен поглед врз животот на прочуениот биолог Френсис Крик. Повод за нејзиното објавување е и смртта на неговиот долгогодишен соработник Џејмс Вотсон, со кого во 1953 година ја открија структурата на ДНК – двојната спирала, најзначајното биолошко откритие на 20-тиот век.

Што е „јас“ и кој го измислил?

Ако се сеќавате на „Животот на Брајан“ на Монти Пајтон, има една сцена во која Брајан се обраќа на толпа во Ерусалим, која верува дека тој е Исус. „Грешка сте“, ги убедува тој. „Не треба да ме следите. Не треба да следите никого. Треба да размислувате со своја глава. Сите вие имате свое јас!“. Толпата му враќа во еден глас - „Дааа, сите имаме свое јас!“. Ова е парадокс кој совршено ја илустрира тешкотијата да се напише историја на „себството“ - она по кое некој се разликува од сите други. 

Сакаме ваков: сте слушнале за театарски натпревар кој се одржува во сауна?

Аквагардeнс, спа-центарот покрај Верона, обично е место на тишина и релаксација: топли извори, мирни базени, сауни и дури и снежна одаја за ладење. Но оваа есен, една недела таму владее сосема поинаква атмосфера — истата сауна која обично е оаза на мир сега трепери под басови од електронска музика и е преполна со над 200 голи луѓе кои се туркаат да влезат на шоуто „Ауфгус ВМ“ (Aufguss WM), светското првенство во сауна-театар.

Запознајте се со 19-те мачки на Марк Твен

Иако неговите книжевни дела се предмет на бесконечни критички анализи, една работа е многу едноставна: Марк Твен ги сакал мачките многу повеќе од луѓето и тоа го искажувал отворено. Една од неговите познати духовити забелешки е дека кога човекот би можел да се „вкрсти“ со мачка, тоа би го подобрило човекот - но би ја расипало мачката.

Како генерациите ги добиваат своите имиња?

Алфа. Икс, иписилон, зед. Покрај различните мислења околу временските периоди кои ги опфаќаат овие генерации и нивните стереотипни својства, до сега не ни беше јасно кој всушност стои зад нивното именување. Излегува дека главни во ова се маркетинг агенциите, на кои им требаат целни групи со дефинирани имиња, па или измислуваат свои или ги преземаат од книжевните дела и од медиумите. 

Основачот на движењето на Црвениот крст верувал во апокалипса и точно знаел како ќе изгледа

Историјата го памети Анри Динан главно по две работи - како основач на движењето на Црвениот крст и како добитник на првата Нобелова награда за мир во 1901. Но има уште една работа која и не е толку контрадикторна со неговите хуманитарни побуди.

Почина човекот кој 70 години живееше во машина за дишење поради полио

Неодамна, на 78 години, почина Пол Александер, кој бил парализиран од полио во 1952 и голем дел од животот го поминал во тн. „железен бел дроб“ - машина која му овозможувала да дише. Сепак, успеал да стане адвокат и да им се радува на оние моменти кои ги поминувал вон огромниот цилиндар.

Човекот кој спасил 669 деца, но не сакал да се снима филм за него

„Еден живот“ е нов филм за „Британскиот Шиндлер“ кој спасил стотици деца од сигурна смрт во текот на Втората светска војна. Но тој за малку немало да биде снимен, бидејќи херојот на понудата на продуцентите одговорил - „Нема потреба“.

Колку долго живеат птиците?

Освен за оние домашните чијшто животен век нè тангира, не сме навикнати да размислуваме за тоа колку години може да живее една птица, односно не ги согледуваме како единки. Иако е тешко да се извлече една единствена бројка, она што е сигурно е дека способноста да летаат е клучниот елемент за нивната долговечност.  

Хирошима има мал проблем со седумте Оскари на „Опенхајмер“

Добитниците на највисокото признание во филмската индустрија за биографскиот филм за изумителот на атомската бомба при примањето на златната статуетка со солзи во очи им се заблагодаруваа на своите продуценти, роднини и пријатели. На некои од нив им текна да повикаат на „мир во светот-мир во земјата“. Сето ова во Јапонија одекнува малку поинаку.

Moмчето роб - крал на ванилата

Зачинот со сладникав мирис има своја тајна. Речиси секое зрно кое е во продажба е опрашено од човечка рака, со прецизно движење и користење игла или чепкалка. Методот е откриен од 12-годишно момче кое во 19 век било роб и чиј подвиг долго време бил потценуван.

Ал Пачино објавува прва автобиографија

Неговото име деновиве е толку спомнувано во врска со неговата „грешка“ на доделувањето на Оскарите, што човек да помисли дека е направено намерно, како шлагворт за рекламирање на негова нова книга, која ветува дека „ќе открие многу нешта“.

Хајл Хенк!: наци-писмата на Буковски кои всушност не се тоа

Истражувач на ликот и делото на Чарлс Буковски, пишувајќи книга за него, никако не можел да ги пронајде про-нацистички писма кои овој автор наводно ги пишувал во десно ориентираните весници во раните 1940-ти, a за кои кружеле гласови со децении. Кога на крај ги нашол, сфатил дека тие воопшто не се тоа.

Токио нуди тура низ градските тоалети инспирирани од новиот филм на Вендерс

„Совршени денови“, најновиот филм на Вендерс кој зборува за чистач на јавни ВЦ-иња (работа која не изгледа воопшто лошо кога тоа се прави во Јапонија), инспирираше туристички тури низ населбата Шибуја токму низ овие мали архитектонски градби со посебен шмек.

„Мемополис“ - германска друштвена игра со босански потпис

Знаете ли кои градби се препознатливи за Франфурт, Келн или Берлин? Сега можете да научите со помош на друштвена игра која неодамна ја креираа Дамир Башиќ и Емина Османовиќ од Сараево.

Koпа 71: првото женско СП во фудбал кое било избришано од фудбалската историја

Денес, 8.3., премиерно беше прикажан нов документарец кој ја раскажува историјата на првото неофицијално светско првенство во женски фудбал и причините зошто до сега не постоел историски податок дека тоа некогаш се случило. 

Заборавените авторки на „Хепи брдеј“

Иако во голем број средини си имаат, ако ништо друго, тогаш барем превод на песната, кај нас англиската верзија е стандардна придружба на принесувањето роденденска торта. Сепак, ретко кој знае кој ја напишал.

Зошто сме опседнати со лоши вести?

Дали сте забележале дека во секојдневни разговори почнавме да се натпреваруваме кој ќе каже поголема апсурдност од македонската реалност или полоша вест? И тоа е еден вид „думскролинг“ само во живо, низ муабет, а потребата за истото се објаснува со подлабока, еволутивна причина.

Моќните ќелави жени низ историјата на уметноста

Статистиката вели дека најмалку 40% од жените искусуваат паѓање на коса или алопеција во текот на нивните животи. Различните начини на кој овој феномен е претставен во уметноста низ историјата покажува на колку различни начини бил интерпретиран.

Не клавајте многу емоции во работното место

Резултати од анкета на Галуп од 2023 велат дека Американците се генерално несреќни на работните места. Бројот на оние кои се чувствуваат лути и неповрзани со мисијата на нивните организации се качува. Сигурни сме дека не е така само во САД. Еден индиски истражувач на јужно-азиските религии има чаре за ова, произлезено од древна мудрост. 

Децималниот знак е 150 години постар отколку што мислевме

Историчарите долго време мислеле дека децималниот знак влегол во употреба во 1593, кога германскиот математичар Кристофер Клавиус го вклучил во текст од областа на астрономијата, Астролабиум. Но изгледа дека приказната треба да биде вратена уште век и половина порано.

Рикен Јамамото добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2024

Во 45 години долгата историја на наградата која се нарекува и „Нобел за архитектура“ ниту една земја нема произведено поголем број добитници од Јапонија. Денес, 05.03., уште еден Јапонец се закити со високото признание, со тоа станувајќи деветти на списокот. 

Тејлор Свифт и Емили Дикинсон се братучетки

Генеалошкиот сајт Ancestry.com тврди дека пејачката и поетесата се шести братучетки од трето колено (што значи просто - роднини). Обете потекнуваат од англиски имигрант од 17 век. Веста доаѓа згодно пред новиот албум на Свифт во чиј наслов се спомнуваат поети.

„Во другите улоги“ - патување на крајот на филмската шпица

Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.

Европската земја кадешто „Тексас“ е сленг за „лудo“

Скандинавија можеби нема многу заеднички нешта со Тексас, но кога Норвежаните сакаат да изразат колку е нешто диво и „варварско“ користат еуфемизам базиран на стереотип, кој можеби и не е толку лажен. 

Букбокс читанка: „Симпатизерот“ од Виет Тан Нувеен

Дебитантски роман закитен со Пулицер во 2016 што шокира на повеќе начини, истовремено ш'шти гласно како ракета, но и подмолно и тивко, како библиотекари кои опоменуваат. Наскоро на ХБО ќе се појави серија направена по него. 

УКИМ, Шарл Азнавур, Танец и желки: мотивите на македонските поштенски марки за 2024

Понекогаш, како за оваа статија, навистина не можеме да објасниме како сме дошле до темата, освен дека еден клик нè носел до друг, па до трет...Така стигнавме до сајтот на Македонска пошта, односно до рубриката „поштенски марки“ за кои до сега никогаш не сме се заинтересирале. А тука има што да се види.

Не биди само „фин“

Кога барате повратно мислење, грижливиот човек е топол и конструктивен. Но не ви премолчува. Тој разбира дека процесот на барање мислење значи дека имате доверба во него, доволно за да ја слушнете вистината дури и ако таа ви го срони бисерот. Финиот човек нема да сака да ви ги повреди чувствата, и исто така ќе ви даде топло мислење. Но само она доброто. Тој не ја согледува својата одговорност да ви го каже „лошиот“ дел.