Bookbox

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Солта наша насушна

Ја користиме без да размислуваме за неа, но поради неа се граделе градови, се отворале рудници, се создавале трговски патишта и политички монополи. Изложбата „Сол: дизајнерска приказна“ во Музејот за дизајн во Атланта ја раскажува историјата на цивилизацијата преку еден од нејзините најобични, но и најважни материјали.

Букбокс гледанка: „Тензинг“ или приказната за шерпасот (2026)

Филмот на Џенифер Пидом ја враќа заслугата на Тензинг Норгај, алпинистот чие знаење за планината и извонредните вештини биле клучни за историското искачување на Монт Еверест во 1953 година. На моменти преромантичен и предвидлив, тој во себе сепак ја вклучува важната дискусија за британскиот (и секаквиот) империјализам и луѓето во сенка што ја овозможувале неговата моќ.

Од митолошките суштества до алармите - зошто се викаат „сирени“?

Врската меѓу античката митологија и модерниот аларм започнува со еден необичен научен инструмент од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

Пингвинкубатор: автоматот за книги од 1937

Сер Алан Лејн е човекот кој сакал да ги приближи книгите во мек повез до читателите, и сметал дека една јавна машина од која ќе можат да бидат купени е вистинскиот начин да се стори тоа. 90 години подоцна, можеби е време да се појават и кај нас?

Не е до големината: докторската на Нобеловецот по економија од 28 страници

Во теоријата на игри, некооперативни се такви игри во кои нема надворешни услови или обврзувачки договори кои наметнуваат соработка помеѓу играчите. Но иако е контраинтуитивно, токму овие некооперативни модели можат да се искористат за да поттикнат соработка. Како? Ова го објаснил Нобеловецот Неш во докторат од само 28 страници, со само две библиографски единици. 

Букбокс гледаше: „Натпреварот“ (2025)

Вистинска приказна за остварувањето на сонот на секој учител - неговиот ученик да го надмине во каква и да е вештина, па и во игра. Само што во случајов сонот излегува кошмар. 

Сте слушнале за зависност од јадење риба?

Опсесијата со јадење риба за во старогрчката култура била поврзувана со различни социјални девијации, од прекумерно јадење и коцкање, до раскалашност и нимфоманија.

Близначките кои ги шармирале Орвел и Ками

Во нова книга „Зашеметувачките сестри Паже“, авторката Аријана Банкс, врз основа на ракoписи оставени од нејзините мајка и тетка, разоткрива помалку познати фигури од 20 век. 

Факти наспроти фикција во „Конклава“ - филмот за избор на папата

На Оскарите во март филмот на Едвард Бергер доби осум номинации, вклучително и за најдобар филм, а го освои оној за најдобро прилагодено сценарио. Излезе дека приказната за изборот на нов пoнтиф наскоро ќе стане многу актуелна. Од вчера светот има прилично брзо избран папа. Но што од процедурата е коректно опишано, а што не?

Заборавениот роман што го предвиде хоророт на нацизмот

Англиска авторка на почетокот на 1930-тите доаѓа на гости кај пријатели во Баварија. Целата атмосфера ја опишува во книга која предупредува дека нацизмот кој доаѓа ќе има катастрофални последици. Насловот на книгата е - „Прекршен крст“.

Човечката креативност треба да се заштити како природен ресурс

Како што ВИ го преплавува интернет, а од таму се прелева во „обичниот“ живот, изгледа е дојдено времето да престанат да се заштитуваат споменици на култура, храна и обичаи туку генерален елемент на заштита да стане човечката, природна интелигенција и креативност. 

Ноа Вајл од ХБО серијата „Пит“ три недели бил во Македонија

Ѕвездата на ХБО серијата „Пит“, чие име означува фиктивна болница во Питсбург, односно одделението за итни интервенции, е најпознат по своја претходна улога во серија која одеше цели 15 сезони а исто така се однесуваше на болница и доктори. Тој во склоп на својата хуманитарна работа - поддршка на медицинските работници - во 1999 бил во Македонија.

Папи и внуци: за потеклото на „непотизам“

Кога некој на висока позиција во државна институција ќе почне да вработува свои блиски роднини во истата велиме дека станува збор за „непотизам“. Притоа обично се мисли на братучеди, сватови, кумашини. Ама во коренот на зборот е термин за друг роднински однос кој има своја историска логика.

Најмала веројатност за самоубиство - професори и библиотекари

Работното место игра голема улога во проценката на ризикот од смрт со самоубиство. На пример музичари и работници во нафтената индустрија имаат многу повисоки стапки на самоубиства од остатокот од популацијата. Интересни се оние со најниски стапки, барем во истражуваниот примерок.

Романот „Џејмс“, инспириран од „Хаклбери Фин“, добитник на Пулицеровата награда за проза 2025

Вчера, 5.5., беа соопштени добитниците во бројните категории за високото Пулицерово признание. Помеѓу нив и она за проза, кое оваа година отиде кај Персивал Еверет за замислена приказна за пријателот на Хак Фин од оригиналното дело на Марк Твен.

На 5 мај - Денот на македонскиот јазик: 80 години од првото списание за деца

„Драги другари, пионери“ - вака започнува текстот на списанието број 1 „Пионер“, излезено на 3 јануари 1945. Следењето на периодиката наменета за деца и младинци дава прекрасен историски преглед на воспитните, социјалните, родовите и други аспекти на содржините кои се сметале за соодветни за оваа возраст. А исто така пружа увид во развојот на јазикот.

Харукичи Шимои: самурај, шпион и поддржувач на Мусолини

Новата мини-серија „М: син на векот“ е посветена на подемот на Бенито Мусолини во 1920-тите, од формирањето на фашистичкото движење до доаѓањето на власт како „дуче“. Помеѓу споредните но значајни улоги, има една фигура во кимоно со катана околу појасот кој изгледа како измислен. Но - не е.

Фиксниот телефон кој не престанува да ѕвони

Во 1953, Џејмс Фој, тогашниот продекан за настава и студентски прашања на Универзитетот Обурн, вовел телефонска линија за студенти, која потоа била отворена и за јавност. Од тогаш па до денес студенти дежураат и одговараат на различни прашања на луѓе кои или навистина не го знаат одговорот, или пак само им се прави муабет со пријатен човечки глас. 

„АјХостиџ“: филм за заложничката криза во продавница на Епл во Амстердам

Инспириран од вистински настан од 2022, филмот ги опишува неколкуте часови на неизвесност, откако вооружен маж влегува во продавница на Епл во Амстердам и бара 200 милиони во биткојни за да го ослободи заложникот. 

Мартин Скорсезе најавува документарец кој ќе го вклучи последното интервју на Папата

„Алдеас: нова приказна“ ќе ја истражува работата на организацијата која понтифот ја основал за да ги поврзе младите луѓе низ светот.

Букбокс гледаше: „Невести“ (2004)

Грчкиот филм на Пантелис Вулгарис, врз основа на историски автентичен случај, ја раскажува приказната за „нарачаните невести“, кои патуваат со брод до Америка, за таму да стапат во брак со мажи кои ги имаат видено само на слика. 

Необична фраза почнува да се појавува во научни статии - зошто?

Сте чуле за „вегетативна електронска микроскопија“? Вака звучи некако учено, но изразот нема никаква смисла. Па сепак, таа не само што се вовлекла некако во онлајн содржините, туку сега е тешко да се избрка од таму.

Омилената кафана на Гете и Шуман полни 500 години

Теологот Мартин Лутер, композиторот Роберт Шуман и писателот Гете - сите тие биле редовни гости во визбата на славен ресторан во Лајпциг. Што го прави толку посебен?

Мувата-миленик на римскиот поет Вергилиј

Публиј Вергилиј Марон, најзначајниот преставник на римската поезија и автор на епот „Енеида“, имал необично другарче - со крила. Кога „другарчето“ починало, за него наводно организирал екстравагантен погреб. Звучи лудо, но за сето ова имало практична причина.

Букбокс гледаше: „Објаснување за сè“ (2023)

Матурски државен испит во Унгарија. Ученик кој не може да се концентрира на учењето за индустриската револуција и за времето на Цезар, бидејќи е заљубен. И национален скандал поради негово паѓање по предметот историја, кој открива длабоки поделби во унгарското општество.

Шпанското село врз кое паднале американски атомски бомби

Годината е 1966. Врз жителите на инаку мирното шпанско село Паломарес од ведро небо, по судир на американски бомбардер и исто така американски авион-танкер, паѓаат „загубени“ атомски бомби. До денес регионот не е исчистен од радиоактивност. 

Зошто папите ги менуваат своите имиња?

Со векови, мажите кои ја преземале врховната функција во католичката црква си ги задржувале родените имиња. Тоа се променило со папата Јован Втори.