Bookbox

Во години сме кога она „глупавиот памти, паметниот запишува“ го добива своето вистинско значење - многу се заборава, а нешто од тоа знае да биде важно, па дури и најважно. Додека расеаноста ни ги нагризува мислите, повеќе од кога и да е се потребни стратегии против заборав.  

Современото земјоделство денес повеќе се потпира на технологија, машини и деловни вештини отколку на физичка сила. Сепак, интересно е што токму во периодот кога работата на нивите станувала сè помалку физички напорна, американските реклами почнале да ги прикажуваат земјоделците како силни, мускулести мажи. 

Повеќе од веѓа: нова изложба во Лондон ја истражува „комодификацијата“ на Фрида Кало

Речиси седум децении по нејзината смрт, мексиканската сликарка Фрида Кало не е само една од најпрепознатливите уметници во светот, туку и вистински културен феномен. Нејзиниот лик денес се наоѓа на маици, шољи, кукли, постери и безброј други производи. Токму оваа трансформација – од уметница во глобална икона и комерцијален бренд – е во фокусот на новата изложба „Фрида: Создавањето на една икона“ во лондонската Тејт Модерн.

Кои биле последните зборови на Марија Антоанета?

Останала запаметена како една од најконтроверзните личности во француската историја. Иако со децении била обвинувана за раскошен живот и симболично претставувала сè што револуционерите го мразеле кај монархијата, нејзините последни часови откриваат поинаква страна од нејзиниот карактер. 

Силвио Гацанига – уметникот кој го дизајнирал трофејот на Светското првенство

Кога Лионел Меси го крена трофејот на Светското првенство во 2022 година, тој момент за него и за милиони навивачи беше влез во фудбалска вечност, како што претходно било за легенди како Диего Марадона, Зинедин Зидан, Роналдо Назарио и Бастијан Швајнштајгер. Но, златниот трофеј чие кревање предизвикува транс не бил отсекогаш истиот.

„ДОН КИХОТ“ од Мигел де Сервантес

Кога пред два дена на Фејсбук профилот на Букбокс го одбележавме Меѓународниот ден на книгата, и истовремено годишнината од смртта на Сервантес, бевме изненадени од веста дека токму во тој момент од печат излегува целосниот, двотомен македонски превод на Дон Кихот, препечатено и 'освежено' издание на она од 1985 на Наша книга, за кое малкумина знаеја и дека воопшто постои.

„ЈАС ИМАМ СОН“ - антологија на најславните говори на сите времиња од светот и Македонија (приредил Жарко Кујунџиски)

Уште пет минути до вашиот настап. Во главата ви бучи, дланките ви се потат, стомакот ве стега. Ѕиркате во говорот кој го скициравте цела ноќ, но зборовите ви се чинат туѓи, како да ги гледате по прв пат.

„ФИЛОЗОФИЈА НА ВИНОТО“ од Бела Хамваш

„Хедонистичкиот ангел не знае за некаква света водичка и преферира вино; се плаши од темјан и порадо ужива во мирисите на некое сакано тело. Нему му ги должиме најубавите чувства, наслатките пијанства, скапоцените и ефемерни јадења, извајаните енергии, разменетите љубезности, посакуваните радости. Животното мото на овој вкусувач на рајските јаболка би гласело Carpe Diem! Мислам дека со мирна душа би можеле нему да му го препуштиме нашиот живот, за Танатос, кога ќе чукне неговиот час, во своите бисаги да одложи само едно тело, кое согорело до последниот остаток."

Мишел Онфре, Гастрономски ум

„БЕЛЕШКИ НА ЕДНА АНА“ од Момо Капор

„Двете бели мечки од Зоолошката градина и јас тонеме во зимски сон.
Толку ми се спие, немате поим!
Разбудете ме само во случај малата Ана да се врати. Инаку гризам!"

„ВЕЛОСИПЕДСКИ ДНЕВНИЦИ“ од Дејвид Брн

Не знам за вас, ама веднаш штом малку ќе затопли јас ги прередувам шифоњерите и од подрум го вадам точакот, како некаква магиска постапка која би требало да го забрза доаѓањето на пролетта.

„ВОДНИОТ КОЊ“ од Дик Кинг-Смит

Парадоксално е: во период во кој најпопуларни филмски адаптации се оние базирани врз детска литература, или барем врз жанрови кои стереотипно се сметаат за детски (фантазија, авантура), квалитетни преводни детски книги, барем на македонски, има многу малку.

„МИЛИНА“ - избор македонска љубовна поезија

„Животот не се мери со бројот на вдишувањата,
туку со миговите кои ни го одземаат здивот".

„СОПАТНИК НА РАДИКАЛНИОТ МИСЛИТЕЛ“ од Алек Попов

Често влегувам во книжарници без некоја цел, но ретко купувам книга за чиј автор не сум чула ама баш ништо. Кога тоа сепак ќе се случи, заклучокот најчесто е - „требало да биде".

„ФРЕНИ И ЗУИ“ од Џ. Д. Селинџер

За многумина веста дека починал Селинџер беше неочекувана, не затоа што се вознемирија од смртта на еден 91-годишен старец, туку затоа што мислеа дека тој е одамна мртов.

150 години од раѓањето на Антон Павлович Чехов (29.01.1860- 15.07.1904)

Неколку месеци пред да умре од туберклоза Чехов му рекол на писателот Иван Буњин дека луѓето ќе го читаат најмногу седум години по неговата смрт. „Зошто седум?", прашал Буњин. „Е добро де, седум и пол", попуштил скромниот Чехов. 106 години по неговата смрт и 150 од неговото раѓање заклучуваме - добро е што не се обложил.

Фигмент и Енхалон

Фигмент и Енхалон (алијас Ненад) ги запознав кога еден октомври ја уредував насловната на блогерај.

„ЗМЕЈОЛОГИЈА: сеопфатна книга за змејовите“ од д-р Ернест Дрејк

Магија за фаќање змеј: земете огледало и попрскајте го со змејски прав. Потоа ставете сафири или други скапоцени камења пред гнездото на змејот.

„МИТОТ ЗА ВЕЧНОТО ВРАЌАЊЕ“ од Мирча Елијаде

Периодот околу Новата година е веројатно најдобриот кога би можел да се чита Елијаде. Тој е еден од најзначајните антрополози во историјата на оваа дисциплина, а истовремено и еден од најплодните - неговиот опус брои 1,300 дела објавени во текот на шеесетгодишната кариера.

Чадот на боговите

Ја почнуваме годината пригодно - ако не со апологија, а тогаш со сочувство кон нашите пријатели, роднини и сограѓани пушачи.

„НИКОГАШ“ од Чарлс Буковски

Наместо честитка за Нова година.

„ЗАГУБЕНИОТ СИМБОЛ“ од Ден Браун

„Можеби повеќе личи на некој голем крстозбор отколку на читање Војна и мир, но тоа не значи дека задоволството не е огромно" (Newsweek)
„Трапав трилер, да не беше името на Браун на корицата книгата би била осудена на пропаст" (National Post)

„ПОТЕКЛОТО НА ВИДОВИТЕ“ од Чарлс Дарвин

Пред речиси еден месец се одбележаа 150 години од првото издание на Потеклото на видовите на Чарлс Дарвин, класично дело во научната литература, кое се смета за основа на еволутивната биологија. Во неа Дарвин презентира теорија според која сите познати животински видови имаат заедничко потекло кое може да се следи преку една широко разгранета еволутивна шема, а дека еволуцијата се базира врз процес наречен 'природна селекција'.

„ИГРА ВО НЕДОГЛЕД“ од Димче Николовски

Има еден прекрасен филм, The Usual Suspects (кај нас преведен како Приведете ги осомничените) од 1995 во кој главниот лик, Роџер 'Вербал' Кинт, на инспекторот кој го сослушува му сложува комплексна приказна за тоа како се случил масакр на брод закотвен во пристаништето во заливот Сан Педро, крај Лос Анџелес.

Искушение: преведениот Том Вејтс

Има една сцена од документарецот за Леонард Коен I'm Your Man (2005) во која Ник Кејв ја опишува својата прва средба со музиката на Коен. Почнува течно, со фактите, каде и кога, но кога треба да го опише она што го почувствувал во тој миг речитиот и начитан Кејв почнува да д'тка.

„Логикомикс“ од Апостолос Доксијадис и Христос Пападимитриу

Да направите карикатура од нешто толку сложено како што се основите на математиката, а да успеете истото да не го вулгаризирате и избанализирате, е вистински интелектуален подвиг.

„СПУТНИК ЉУБОВ“ од Харуки Мураками

„Неговата биографија открива живот кој може да се нарече нормален, но никако празен" - ова е првата реченица на една од веб-страниците посветени на Мураками, која зборувајќи за авторот всушност многу кажува за неговото творештво.

„МИТОЛОГИКИ I – IV“ од Клод Леви-Строс

Неодамна починатиот Клод Леви Строс за антропологијата е нешто како Ајнштајн за физиката – сите знаат дека тој кажал нешто важно, но малкумина знаат тоа нешто детално да го објаснат.

„Рaковиот напоредник“ од Хенри Милер

„Живеам во вилата Боргезе.
Овде нема ни трошка нечистотија,
ниту стол кој не е на своето место.
Овде сме потполно сами и мртви сме...
Никаде ни најмало известување за промена.
Ракот на времето нè јаде."