Букбокс читанка

„НИКОГАШ“ од Чарлс Буковски

Наместо честитка за Нова година.

не ја силете дополнителната песна,
освен ако самата не избие.

ова е дополнителна песна
и не избива самата по себе,
затоа и не очекувам
многу од неа.

ја користам оваа песна
за да го исполнам времето
додека вечерва ја пијам
последната чаша вино.

ова беше успешна ноќ:
гледав одличен бокс меч
ги испрашив мачките од вошки,
одговорив на две писма
и напишав четири песни.

некои ноќи пишувам и по десет песни
и одговарам на шест писма.
и пијам повеќе
но поентата на сето тоа
е во нежната доследност.

сега оваа чаша вино
е скоро празна.
ги гледам колите
како се влечат по авто-патот,
таму во далечината.

задоволството помеѓу агониите
е еликсир на постоењето.

чашата вино сега е празна.

добра ноќ.

Чарлс Буковски

30 декември 2009 - 00:00