Bookbox

Една шише фрлено во море, неколку реченици на хартија и милиони километри неизвесност. Пораките во шише одамна се дел од романтичните приказни и филмовите, но зад нив стои и нешто подлабоко - човечката потреба да оставиме трага, да воспоставиме контакт или едноставно да веруваме дека некој, некаде, ќе нè пронајде.

Филмовите инспирирани од античките митови и епови речиси секогаш отвораат прашања за тоа кој има право да ги раскажува и како треба да изгледа нивното современо претставување. Новата филмска адаптација на „Одисеја“ на Кристофер Нолан не е исклучок. Наместо разговорите да се водат околу продукцијата, вниманието се насочи кон едно друго прашање: зошто во приказна што се промовира како грчко културно наследство речиси и да нема грчко присуство?

Од ризницата на древните лажни вести: Александар Македонски и Кипар

Историјата на Александар Maкедонски е исполнета со битки, освојувања и легенди што со векови ја замаглуваат границата меѓу фактите и митот. Колку повеќе растела неговата слава, толку повеќе приказни почнале да се плетат околу неговото име - некои вистинити, некои преувеличени, а некои целосно измислени. Една од нив е и приказната за неговата наводна посета на Кипар и необичното крунисување на сиромашен градинар. 

Diei duri dox: професорот од 60-тите што ги преведувал Битлси на латински

Учењето странски јазици, дури и на наједноставните, не е лесно. Затоа наставниците со години бараат покреативни начини за приближување на јазиците до учениците — преку серии, стрипови, музика и популарна култура. Но што се случува кога станува збор за латинскиот, јазик кој многумина го доживуваат како далечен, строг и „мртов“? Еден британски професор нашол неочекуван одговор: Битлси.

Човекот што го барал изворот на младоста, а ја нашол - Флорида

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

Раѓањето и смртта на зборовите

Дали физичарите можат да кажат нешто за јазикот, подеднакво релевантно како тоа да го кажале лингвисти? Минатата недела беше објавена статија во која група физичари тврди дека идентификувала универзални закони поврзани со создавањето, животниот век и исчезнувањето на зборовите.

Антологиските филмови низ три gif-ови

Онлајн магазинот Слејт започнува со трибјут на најзначајните дела на светската филмска историја, со нова серија во која тие се „раскажани" низ само три анимирани сликички.

50 години од првиот албум на Дилан

„Не знам зошто те сакам, онака како што те сакам", испеано со нешто помеѓу кисело смеење и болка од забиен нож во грб. По една минута и 37 секунди завршува. Страна прва, песна прва - „You're no Good", од првиот албум на Боб Дилан, еден од најзначајните американски музичари и поети на 20. век. Албумот - насловен едноставно „Боб Дилан" е издаден пред половина век (19. март 1962), кога тој имал 20 години и само што пристигнал од Минесота на Менхетен, со товарен воз.

Александар во вселената

Расказ од перото на американскиот хуморист Џек Ханди, за нашиот Аце, објавен во Њујоркер. Што се случува кога ќе освоиш сè, и веќе нема што да правиш? Си траеш и чекаш, дур на светот не му стане потребно уште едно добро освојување.

Ќут, Шефот држи говор!

Музичкиот фестивал South by Southwest, кој се одржа од 9-18. март во Остин, е меѓу најголемите музички манифестации во САД. Еден од клучните настани беше говорот на Спрингстин, кој е веќе прогласен антологиски во овој жанр.

Зен и уметноста на тоа да бидеш Дјуд

Како трибјут на неговиот лик од „Биг Лебовски", Џеф Бриџис ќе биде еден од авторите на книга зен пoуки. „Дјуд и зен учителот" е замислена како лежерна размена на мисли за животот, филмот и тоа како да се биде добар, меѓу Бриџис и Берни Гласман - еден од пионерите на американското зен движење.

„Ти си мој начин на топло"

На 14. март беа одбележани 80 години од раѓањето на поетот, режисер, сликар и новинар Мирослав Мика Антиќ, уште познат и по антологиската боемска - „Чика Јова деци, чика Мика Антиќ два деци". Во Културниот центар на Нови сад во тек се „Деновите на Антиќ". Ние се придружуваме на одбележувањето на годишнината со една пролетно љубовна, и топла.

Флеш-моб со хорско читање

Досега имаме видено секакви флеш-моб акции, од масовно играње сиртаки, „начекуша" на прв кој ќе подигне отпад намерно поставен среде трговски центар, играње „човечки огледала", замрзнување во место на цела толпа луѓе, ама немавме видено флеш-моб со симултано - читање книга!

Концерт за Тесла и навивка

Си немале физичари работа, си пуштале струја низ Теслини столбови. Да се обидеме да ви објасниме, како што нам ни објаснија: столпчињава се електрични направи засновани на вид резонантен трансформатор, кој наизменичната струја во едната навивка ја претвора во високонапонска струја во другата, поголемата навивка.

Писмото од вашиот омилен писател

Се сеќавате на статијата која ја објавивме, за списание кое за 5 долари месечно им испраќа писмо од застапените автори на своите читатели? Тогаш ве прашавме кој од македонските автори би сакале да ви пише. Во бројните пораки кои ги добивме, едно име постојано се повторуваше..

Како 1925. ја замислувала 1950.

Списанието Popular Science Monthly во 1925. објавил инфографик, со футуристички приказ на град, кој требало да се оствари за само 25 години.

Маркс е жив!

И по 129 години од неговата смрт (14. март 1883), предупредувањата на германскиот филозоф во врска со последиците на капитализмот и индустријализацијата се поактуелни од кога и да е. „Капиталот е мртво битие, вампир, тој живее само со тоа што го цица живиот труд" е еден од ставовите на овој мислител, кој самиот изјавил дека не е - марксист.

Кога Кевин Спејси имитира

Клипче од 2000. во кое двојниот оскаровец, нам драгиот Вербал Кинт, во шест минути имитира дури девет од неговите колеги - Џејмс Стујард, Марлон Брандо, Кетрин Хепбрн, Ал Пачино.

„Не туку ми толстои“

Ако некогаш сте налетале на Urban Dictionary, онлајн збирка на изрази од современиот глобален сленг, веројатно сте останале подзинати од сочните метафори кои како тајни кодови опишуваат однесувања кои се во најмала рака „необични". Повеќето од шестте милиони одредници се толку политички некоректни и сурови, што не се ни обидуваме да ви ги пренесеме. Но речникот, за чудо, содржи и имиња на познати писатели.

Рудан го нарече новинарот на ХТВ „надркан"

Хрватската писателка и блогерка Ведрана Рудан, позната како жена со депилиран јазик, понекогаш знае и да ги премине границите на добриот вкус. Вчера таа беше главна ѕвезда на емисијата „Пулс на Хрватска", а во неа без очигледен повод таа му се пушти на водителот ко пит бул на мачки.

Цинизам за активизам

Slacktivism, или „мрзоактивизам", е термин кој го опишува лажниот онлајн активизам, кој има нула политичко или општествено влијание. Дамир Авдиќ, познат и како Граха, Diplomatz или Босански психо, еден од најжестоките поети-музичари на современата босанска сцена, има посветено песна токму на овој феномен.

Толкин до нацистите: „Жалам, не сум Евреин“

Во 1938., неколку месеци по првото објавување на „Хобит", Толкин и неговиот британски издавач, Стенли Анвин, почнале преговори со издавачка куќа од Берлин, која сакала да го преведе романот за германскиот пазар. Сè било во најдобар ред, додека Толкин не добил писмо од Германциве, во кое од него се барало да го докаже неговото ариевско потекло.

 

„Величествениот" ги искривува историските факти

Серијата за Сулејман Величенствениот, десетиот султан на Отоманската империја, предизвика бранувања во српската јавност. Во прашање е епизодата во која се прикажува турската опсада на Белград летото 1521., во која султанот е прикажан како романтичен витез, кој не убил и не протерал ниту еден Србин.

Што сè мрази Франзен?

Еден од моментално најпопуларните светски писатели, Џонатан Франзен, навистина е страствен противник на сè што се состои од монитор и тастатура, има пристап до интернет, и работи со eдиници и нули. Подетално, тој се згрозува од: Твитер, смартфони, е-книги, и интернет воопшто. 

Кроација рекордс: „Џони живее во мрак"

Желимир Бабогредац, претседателот на управата на Кроација Рекордс, во своето интервју за Јутарњи лист остро реагира на најавата дека Џони ќе ја тужи оваа дискографска куќа и ќе бара отштета од 25 милиони евра, сума до која дошол преку следниов есап: ако денес една плоча чини 25 евра, а тој продал милион во бивша Југославија, тоа се 25 милиона.

Пет најубави неба во уметноста

Има денови, како овие, кога почесто погледнуваме нагоре, очекувајќи зрак сонце кој ќе го разбие сивилото. Но небото, и метеролошки, и теолошки, си има свои планови. Токму заради таа човечка неспособност да се контролира, тоа е честа инспирација на сликарите. Сигурно има повеќе, но еве избор од пет најпознати прикази на небото - испратете и ваши предлози.

72. роденден на писателот Норис

„Најопасниот човек на светот" е роден пред 72 години во Рајан, Окалхома. Прекарот го добил откако по придружувањето на американските воени сили заминал во Јужна Кореjа, каде почнал да се занимава со боречки вештини. Актер станал по наговор на Стив МекКвин, кој пак бил добар во карате.

Малку поинакви автобуски авантури

Езотурик е фирма која нуди туристички разгледувања на деловите од Лос Анџелес кои не се вклучени во вообичаените организирани прошетки низ градот. Турите се тематски, и нудат одлична мешавина на социјална историја, рокенрол, архитектура, литература и филм.

Статиите од Њузнет во книга

Ова сигурно им требаше! Познатиот сатиричен сајт - некаква српска верзија на Onion - кој е стар нешто повеќе од една година, во јануари се појави во печатено издание. Промоцијата на книгата со наслов „Ова можеби не ни требаше“ е денес, во Библиотеката на град Белград.