Но она што е помалку познато е дека Чак напишал и неколку книги, помеѓу кои „Патриотизам на црниот појас: како повторно да се разбуди Америка", романот „Јавачи на правдата", автобиографијата „И покрај сè: мојата приказна", како и прирачникот за самопомош „Тајна на внатрешните сили: зен решенија за вистински проблеми". Во описот на книгата на Амазон за последнава се вели: „Некој можеби веднаш ќе ја отфрли книгава како површна презентација на сложена филозофија, од страна на претенциозен шоу-биз дилетант, но тоа би било грешка. Гледајте на неа како на искуство кое искрено се споделува од еден славен практикант на ова учење."
Освен што е зен, Чак е и голем конзервативец, десничар и христијанин, а своите ставови по актуелни прашања од американската политика редовно ги објавува во својата колумна на WorldNetDaily.
На крај можеме само да заклучиме: не слави Чак роденден, роденденот го слави него!