„Добро утро. Зошто сме станати толку е*ено рано? Колку може да биде важен овој говор за да биде на распоред на пладне? Секој поштен музичар во градов уште спие. А сите други ќе заспијат дур завршам" - почнува Брус, за во следните саат време (да - говорот трае цел час) да продолжи да раскажува, забавува и пее, само со акустична гитара.
Иако со голем број автобиографски моменти, како оној кога неговиот живот бил променет по гледањето на настапот на Елвис во шоуто на Ед Саливан во 1956., кога Брус имал само седум години, ова е и приказна за еволуцијата на музиката, која и покрај сета насилна поделба на жанрови и апсурдни поджанрови, на крај сепак се сведува на една единствена карактеристика која ја гарантира нејзината бесмртност - креативноста. Иако како свои херои ги наведува пред сè ѕвездите на американската фолк сцена, како Хенк Вилијамс или Вуди Гатри, тој три пати ги спомнува Кис, два пати Паблик Енеми, а тврди дека U2 е единствената група на чии членови им ги знае имињата и презимињата. На крај испаѓа дека е повеќе „поптимист", кој промовира широка дефиниција на „добра" музика пристапна за секого.
Обраќајќи им се како постар брат или татко на помладите музичари, тој им дава многу добри, иако навидум контрадикторни совети: „Имај железна самодоверба, ама сомневај се. Однесувај се како да е ова сè на светот, но запамти: тоа е само рокенрол".
Да не ви раскажуваме понатаму, едноставно погледнете. Цар е!