Самиот Тесла, во 1891., освен за добивање високо и нисконапонска струја, ги користел и за изведување иновативни експерименти, како бежично пренесување електрична енергија и електротерапија. Во случајов, некој Ерик кој студира електро, а на својот сајт Goodchild Engineering вели дека почнал да експериментира со електроника уште кога имал 8 години, користејќи заедничка моќност на два трансформатори од 24 киловати, со нив си прави - музика. Мотото на сајтот му е „Електроника за производство на струја и висок напон - што може тука да тргне наопаку?". Иако ни велат дека и да застанеш помеѓу овие громовиве нема ништо да ти биде, некако ни е мила душава. Му го оставаме тоа на Илија Громовник.
Иако вакви клипчиња типчево има направено за повеќе песни, ја одбравме токму оваа затоа што ни се врзува за една од „Бавчите" на сајтов. Не, не е онаа за мода:)