Опишана како „нечистата потсвест на помладите генерации", оваа кориснички генерирана збирка главно се полни од одредници испратени од тинејџери. Дека тие и не се толку неначитани покажува фактот дека речникот содржи педесетина претставници на западната книжевна сцена, иако нивните имиња ретко го имаат очекуваното значење. Еве некои од нив:
Софокле: бренд сапун
Чосер: крајот од џоинт
Сервантес: Интелигентна личност, која има супериорен ум и шарм
Шекспир: Метод за мачење, користен од наставниците по англиски заради сопствена болна забава; причината за тоа зошто се појавил и зошто е потребен сајт како sparknotes.com
Китс: Контролфрик, кој јаде само пица.
Бронте: Девојка-мераклијка, не ù е гајле што мисли средината
Зола: Чинот на истовремено спамирање на повеќе чет канали со некој поздрав, за тие симултано да трепкаат.
Волт Витман: Сленг за кокаин (заради долгите поетски линии на споменатиот)
Толстој: Преобемно раскажување на нешто пред да се дојде до релевантна порака. Пример: Еј, пе'ер, ти побарав упаљач, не твојата животна приказна. Не туку ми Толстои.
Достоевски: Омилен автор на хипстерите и другите псевдо-интелектуалци, кои најчесто воопшто го немаат читано, но разбираат колку е важно човек да меморира имиња на 19-вековни руски автори
Хемингвеј: Пишување семинарска под дејство на алкохол, како што најчесто пишувал и аваторот. Пример: Ми гори под нозе. Морам да го хемингвејувам текстов до сабајле.
Фокнер: Некој кој од кретен станал голем фраер.
Роулинг: Израз кој означува последици од дување.
Има ли домашни писатели во нашиот сленг? Нешто од типот „дај не го конески со правописов“..