Таг: сленг

Жабутикаба: збор кој означува овошје но и „бразилштина“

Приказната за жабутикабата почнува со посета на локална алкотека во која пристигнало ново овошно пире за коктели. Чудно и името, и вкусот, но и значењето на самиот збор.

Тајниот јазик со кој се служеле криминалците со векови

Помеѓу 16 и 19 век Европејците верувале дека постои тајно здружение на криминалци кои пред очите (односно ушите) на сите комуницираат со кодови. Нивниот таен говор можеби бил реален, но и писателите од тој период дополнително ја подгревале фантазијата на јавноста, измислувајќи по некој збор. 

Од најновиот филм за Елвис: необичниот сленг на панаѓурските работници

„Елвис“ е нов биографски филм на Баз Лурман, кој го следи животот на кралот на рокeнролот од перспектива на неговиот менаџер, полковникот Том Паркер. Направен „стриповски“, со многу брзи монтажи и ефекти, но и со добра музика, тој содржи еден детал кој е малку тешко да се забележи - тајниот говор на панаѓурот, карневалот, циркусот.

„Пропаганда-кондом“: водич за дезинформациски сленг

Методите на ширење дезинформации не се нови, но како што тие се развиваат, и како што стануваат пософистицирани, така станува поширок и опсегот на термини за означување и на оние кои вршат манипулација, и на нивните тактики.

Што значи да те 86-нат во англискиот?

Ние едно време кога сакавме некого да откачиме викавме „ај двојче“. Американците користат малку поголема бројка која се појавува од време на време во песни, филмови и во политичкиот жаргон.

Првиот речник објавен во Австралија бил посветен на сленгот на криминалците

Затворениците доселени во Австралија од својата татковина - Англија - помеѓу другото донеле и куп зборови и изрази. Еден од нив, исто така осуденик, ги документирал во 1819, во книга под наслов A Vocabulary of the Flash Language.

Полари, или тајниот јазик на британските геј мажи

“Bona to vada your dolly old eek!” Ова може да звучи како бесмислена реченица, но всушност бил вистински поздрав помеѓу геј мажите во Британија во 1950-тите и 1960-тите. Значи „Фино што ти го гледам убавото лице“ и е изговорена на јазик кој се нарекува полари.

Зборувате ли „џајв“?

„Груви", „фокси", „кул" - светот на џез музиката си има свој јазик, кој често се „прелева" во популарната култура.

Kaко имиграцијата го менува јазикот

Преселбите кон Европа, освен економски и политички (ќе) носат и лингвистички промени. Додека некои сметаат дека на тој начин некои од јазиците едноставно ќе исчезнат, други велат дека резултатот всушност ќе бидат нови дијалекти (жаргони, сленгови), создадени од сегашната генерација доселеници.

Вчера си поминавме „тексас"

За поголемиот дел од светот Тексас е држава во САД, каде луѓето шетаат со каубојски шешири и јаваат коњи. За Норвежаните тоа е збор кој означува луда забава, или дека некој или нешто е во хаос.

Речник на затворски сленг (составен од затвореници)

Затворскиот сленг е кодиран говор, во кој препознатливите зборови можат да значат нешто сосема поинакво од вообичаеното. Една група затвореници од Бона Тера, Мисури, составиле и објавиле речник, кој дава увид во нивните секојдневни искуства во оваа институција.

Односот на Њујорк Тајмс кон американскиот сленг

Замислете колку би било цепки кога за секој употребен сленг на сајтов би ви нуделе и негов превод на литературен македонски. Епа токму тоа постојано го прави Њујорк Тајмс, и тоа во последниве 150 години.

Официјален водич за твитер сленг

Сигурно не е лесно да ти е работа да седиш на компјутер и да следиш твитови потенцијално опасни по безбедноста, суверенитетот и светскиот мир, а тие да се состојат од глупи акроними. Ама сега и за тоа има лек.

„Отиде за Канада“ и други изрази од балканскиот крими-сленг

Toa што често ги чешламе и рубриките кои не се стриктно од областа на културата за да најдеме некоја вест, од време на време се исплати. Во една таква, со клучни зборови „криминал" и „црна хроника", пронајдовме многу интересен линвгистички материјал.

150 нови зборови во Меријам-Вебстер

Меријам-Вебстер ги најави најновите дополнувања на нивниот популарен Collegiate Dictionary, главно со термини од сленгот и од областа на технологијата. Нам најдобар ни е Turducken - три животни едно во друго, што се јадат.

Војнички сленг од Првата светска војна

Водич за потенцијални регрути во сојузничката војска од 1918, со речник на жаргон за различни видови оружја и ситуации во кои може да се најде еден војник. Некои од нив се навистина креативни. 

Се направив коска од едно куче!

Додека денешниот јазик полека се униформира, тргајќи ги на страна непотребните метафори, кои само ја забавуваат комуникацијата која - ОMG - треба да биде кратка и јасна, онаа од минатото покажува висок степен на креативност, особено по прашањето на алкохолот. Зборуваме за англискиот во 1920-тите, или времето на Прохибицијата.

„Не туку ми толстои“

Ако некогаш сте налетале на Urban Dictionary, онлајн збирка на изрази од современиот глобален сленг, веројатно сте останале подзинати од сочните метафори кои како тајни кодови опишуваат однесувања кои се во најмала рака „необични". Повеќето од шестте милиони одредници се толку политички некоректни и сурови, што не се ни обидуваме да ви ги пренесеме. Но речникот, за чудо, содржи и имиња на познати писатели.