Фразата е "Der var helt texas!" или „Тоа беше скроз откачено" лингвистите ја поврзуваат со времето кога Норвежаните почнале да гледаат каубојски филмови и да читаат американска литература.
„Жанрот беше екстремно популарен во Норвешка, а голем дел од книгите и филмовите се одвиваа во Тексас, па така тој збор стана симбол на нешто незаконско и хаотично" - вели Даниел Гусфре Имс, шеф на Норвешкиот јазичен совет, државно тело кое го промовира норвешкиот и јазичниот диверзитет во оваа земја.
Првата употреба е забележана во 1957, во роман на Вегард Вигеруст под наслов „Момчето кое сакаше да ја купи норвешката радиодифузија", и тоа во реченицата „тој ќе направеше уште поголем тексас во селото".
Но зборот денес е масовно употребуван, главно во изразот „хелт тексас" (сосема лудо), кој само оваа година се појавил во норвешките медиуми дури 50 пати. Иако значењето некогаш е позитивно (во смисла на добра забава), тој често се користи и во смисла на хаос во сообраќајот, неред во училиштата или во редовите на некоја политичка партија. Сличен израз во норвешкиот е „хавајски фудбал", кој опишува меч кој излегол од контрола, а пак зборот „клондајк", регион во Канада поврзан со златната треска, се користи за опишување на економска експанзија и непредвидливо однесување.
Норвежаните сепак сакаат да ги уверат нивните американски пријатели дека изразот нема никаков навредлив тон, туку дека е само метафора, која на тексашани дури може и да им оди во прилог.