Мисир-патка-кошка

150 нови зборови во Меријам-Вебстер

Меријам-Вебстер ги најави најновите дополнувања на нивниот популарен Collegiate Dictionary, главно со термини од сленгот и од областа на технологијата. Нам најдобар ни е Turducken - три животни едно во друго, што се јадат.

Big data - збир податоци којшто е премногу голем и сложен за процесирање од страна на традииционалните алатки за менаџирање датабази

Catfish - личност кој отвара лажен профил на социјалните мрежи заради манипулација и измама

Crowfdunding - практика на собирање финансиски донации од голем број луѓе, особено од онлајн заедницата

Freegan - активист кој собира бесплатна храна (по продавници или ресторани кои не фрлаат ваква храна) како средство за намалување на потрошувачка на ресурси

Gamification - процес на додавање на игри или елементи слични на игра на нешто, за да се поттикне учество

Hashtag - збор или фраза пред кои стои симболот #, кој го класифицира или категоризира придружниот текст (како твит)

Poutine - порција помфрит покриена со кафен сос и парчиња сирење

Steampunk- науна фантастика во која 19-вековни општества се доминирани од историски постоечка или замислена технологија која работи на пареа

Turducken - обескостена кокошка ставена во обескостена патка ставена во обескостена мисирка

Tweep - личност кој го користи Твитер за да испраќа и добива твитови. Значи твипер а не твитерџија или твитераш.

Selfie - слика од себеси направена со дигитална камера, особено заради постирање на социјални мрежи

На прашањето зошто „селфи" влегува во речникот по „секстинг" кое беше внесено лани, Кори Стампер, една од уредничките во Меријам-Вебстер, објаснува дека тоа кој збор ќе влезе во речникот зависи од фрекфенцијата на неговото користење во „англиската проза" (значи сè што претставува текст, а не е во стихови). Лани „секстингот" бил тема на широко распространета паника поради неговите законски импликации и поради појавата на ваквата практика кај малолетниците, па оттаму го „претркал“ селфи, кој својата најголема популарност ја постигна оваа година за време на Оскарите.

Други зборови кои влегоа во речникот се и baby bump, unfriend и конечно, social networking.

20 мај 2014 - 15:03