Весникот неодамна објави статија во врска со примената на казната од 25 долари за поседување марихуана во Вашингтон, а во неа изјава на некој локален жител за целата работа:
„Казна ради џеј?“, вели Клифорд Греј, користејќи сленг термин за цигара марихуана. „Тоа ми е ок."
„Цигара марихуана“? Атлантик, издвојувајќи го овој најнов пример, ги собра под нозе колегите од Њујорк Тајмс, нарекувајќи ги овие непотребни „преводи“ на термини од сленгот совршено тајмезијански. „Џеј" ако баш морало, можело да биде објаснето и со „џоинт", ама вработените во Тајмс сепак го одбрале споменатото решение, кое е цепки (сленг за ептен смешно).
Но тие не застанале тука, туку одлучиле да ја прекопаат целата архива на Њујорк Тајмс, барајќи и други примери каде била употребена формулата „тоа и тоа - сленг термин за Х".
Резултатот е LOL. Извлечени се 73 примери од статии кои датираат од 1851 до денес. Некои од термините се одамна заборавени, други вреди да се обноват, а трети се уште се во оптек. Секој од нив отсликува дух на едно време, но иако сленгот се менува, тонот на објаснувањата на Њујорк Тајмс останува речиси ист - елитистички, конзервативен и малку ко паднат од Марс. Кој знае како тие би ги објасниле на сајтов често употребуваното „сељак". Оној кој често користи сленг?
Целиот преглед тука