Во '20тите „бимбо" (bimbo) се користел со значење „јак дечко", „лисици" (handcuffs) се користеле за веренички или венчален прстен, разведен маж бил „на условно" (on parole), a „назузан" (zoozled) бил некој клен пијан. Од денешен аспект налик некаков кодиран јазик (што веројатно и бил, заради прохибицијата), овој историски сленг според лингвистите може да биде добро освежување на денешниот. Еве некои примери:
Bee's knees (колена од пчела, фиг. бесмислица, глупост)
Немој ти мене колена од пчела, те знам што трчи-лаж си, би била отприлика употребата на овој сликовит термин, кој често бил заменуван и со други: слоновски маникир, зглоб од јагула, крила од прасе, брада од кукавица итн.
Clam (школка) - долар „Може неколку школки до први?". Синоним - зелка.
„Морам да се видам со еден човек за едно куче" - одам да купам виски
Џејк - израз дека се е во ред: „Сè е Џејк"
Know one's onions (Да си го знаеш кромидот) - знаеш што зборуваш или што зборуваат другите
Ossified (калцифициран, напраен коска) - пијан. Синоним: спржен.
Soup job (да отвориш сеф користејќи нитроглицерин)
You slay me (ме убиваш) - Ептен си смешен.
Upchuck - повраќање, после многу giggle water (вода за кикотење, односно алкохол)
Fire extinguisher (aпарат за гаснење пожар) - расипувач на забави, синоним: часовник со аларм