Јутарњи лист, пишувајќи за заедничките карактеристики на криминалот на територијата на некогашна Југославија, вели дека мафијашките кругови имаат воспоставено таен јазик кој ги руши јазичните бариери. Темата деновиве стана актуелна заради судењето на членови на Земунскиот клан во Белград, кои имале детално разработен сленг за сè од нивниот широк криминален репертоар, од дрога до ликвидации.
Во принцип за секоја жртва се зборувало во женски род, без оглед што тие секогаш биле мажи. Со женски имиња се зборувало и за различните видови дроги. Ако некој требало да биде убиен, за него се велело дека „треба да оди за Канада". А наместо бројки користеле букви за размена на телефонски броеви.
Еве уште неколку живописни изрази од речникот на крими-сленгот. Баш нè интересира како тоа звучи во некои наши локални кругови. Само да не мора да одиме до Канада за да ги дознаеме...
Речник на крими-сленгот
- Да сошиеш, да рокнеш, да овериш = да убиеш
- Да кокнеш, паф = да убиеш
- Цевка, прангија = пиштол
- Да пакуваш цигли = да рекетираш
- Шара, шошка = пасош
- Штек = скришно место
- Перо Ждеро = купувач
- Овошје, репа = мито
- Жица, специјал, линија = телефон
- Дропља, цеца = проститутка
- Одвојување од цицка = пљачкање
- Гица = вага
- Тито, глава, стари = шеф на групата
- Клозет, мардељ, кењара = затвор
- Пензија, перспектива = долгогодишна затворска казна
- Прошетка, плажа = пократка затворска казна
- Друкара, пеач = заштитен сведок, цинкарош