Bookbox

На денешен ден, 30 октомври 1947 година во Белград е роден Иван Ѓуриќ - историчар, византолог, универзитетски професор и политичар, кого во деведесеттите го нарекувале „српскиот Кенеди“. Бил еден од најистакнатите претставници на либералната и антивоена мисла во Србија во времето кога национализмот станувал доминантна политичка сила. Денес, кога Србија повторно се наоѓа на историска политичка пресвртница, вреди да се потсетиме на неговото име и неговите идеи. 

Клишеата се насекаде околу нас – во секојдневниот говор, рекламите, политичките пораки, филмовите, па дури и во обидите да бидеме оригинални. Ги користиме речиси автоматски, но ретко се запрашуваме што откриваат за начинот на кој размислуваме и за општеството во кое живееме. Дали клишеата се само истрошени фрази што го задушуваат креативното мислење или, сепак, имаат важна улога во тоа како комуницираме, се препознаваме и градиме чувство на заедништво? 

Расте популарноста на „слушачките барови“

Кога последен пат сте слушале цел албум од почеток до крај, без да погледнете во телефонот, да разговарате или да правите нешто друго? Во светот во кој музиката ни е постојано достапна, но често ја слушаме само попатно, сè повеќе се појавуваат места што нè повикуваат повторно да ѝ посветиме целосно внимание. 

Сина, зелена, бела - немаат сите живи суштества црвена крв

Кога ќе се спомене крв, веднаш помислуваме на црвената боја. Но, во животинското царство крвта може да биде сина, виолетова, зелена, жолтеникава, па дури и речиси бела. Причината за овие разлики се протеините и пигментите што животните ги користат за пренесување на кислородот низ телото.

Лудиот научник што оживеал куче, а потоа сакал истото да го прави со луѓе

Доктор Роберт Корниш бил нешто како вистински Виктор Франкенштајн: верувал дека смртта не мора да биде конечна и со помош на необична направа се обидувал да ги врати во живот телата на кои срцето веќе им престанало да чука.

„ЧЕВЛИ ПОЛНИ ВРЕЛА ВОТКА: шмекерски приказни“ од Захариј Прилепин

Одамна сакам да пишувам за него, но сега некако се намести: Прилепин можеби не изведува перформанси како Пуси Рајот, но неговите раскази се подеднакво „панкерски" и бунтовни.

Крале Марко на Струшките вечери

Не знаеме кога повеќе да ни биде криво - дали кога ќе наидеме на со сила правени телефонски интервјуа со Штулиќ, за кое човек не е ни сигурен дека се автентични, или кога тој сам ќе напише асален текст на некоја тема, ама без осет за неговиот обем, па ни требаат три дена да го преведеме.

Читателски клуб за луѓе со јак карактер

Група пријателки, пријателки на пријателки и сосема непознати, кои сакаат да читаат добри книги дур се сончаат некаде во Њујорк, се собираат од време на време и го прават сето ова топлес или скроз голи.

Кога Пирс Морган навредува

Републиканскиот кандидат за Сенатот од Мисури, Тод Акин, вчера требаше да гостува во шоуто на Морган, и да го појасни концептот за „легитимно силување", со кое деновиве крена бура реакции. Но столчето остана празно.

Букер e симбол на империјализмот

Букер или како што гласи нејзиното целосно име, Man Booker Prize, е книжевна награда која од 1968 се доделува секоја година за оригинален роман, напишан на англиски, од граѓанин на „Комонвелтот, Ирска или Зимбабве". Ви звучи малку постколонијалистички?

Книжевните инспирации на Пуси Рајот

Пуси Рајот секако не се првите музичари судени заради хулиганство или дела против државата. Свои претходници и инспирации во оваа смисла тие имаат и меѓу писателите. Неколку од нив беа спомнати во нивните завршни зборови пред судот.

„Игри на гладта" (2012)

Мислев дека ќе бидам оригинална со споредбава, но некој веќе се сетил на неа - Hunger Games е микс на „Шоуто на Труман", Американски идол и Дарвин.

Стрип со пеење

Нашата љубов кон xkcd  е долга и тенка колку и секое од човечињата во стрипот. Ама не сме саде ние, и не сме саде тука. Еве уште некој кој бил мотивиран да ја изведе тешко певливата Every Major's Terrible, или „Кој и да е факултет е грозен“. Добро легнува во екот на уписите, особено за бруцоши.

Најдоброто од Тони Скот

Иако се уште не е јасно зошто, Тони Скот, режисерот на еден куп добри филмови меѓу кои „Глад" и „Топ ган" и брат на исто така славниот Ридли Скот, вчера, без многу да се мисли, се фрлил од мостот Винсент Томас во Лос Анџелес. Ова се трејлерите за неговите филмови кои ќе се памтат. Бонус: спотот на Џорџ Мајкл за „Уште еден обид" во негова режија.

Оралната хигиена е пола здравје

Замислете владина кампања за јавно здравје во која преку радио џинглови познати фаци ви порачуваaт да намалите со цигарите, да се вакцинирате од ХПВ или да користите забен конец. Кога ќе чуете како некој како Запа ви го препорачува последново, од прва му верувате.

Најчудната книга на светот

Што да ви кажеме за книгава? Дали е уметност, научна фантастика, мистерија, некаква чудна енциклопедија или само најголемата зафрканција во издаваштвото? Што и да е, изгледа прекрасно.

Нож во грб

„Книжевниот" скандал кој ја потресе американската јавност деновиве нема толку врска со читањето колку со користењето книги за други цели. Не, овој пат не се работи за палење, туку за постапка која најдобро се опишува со „черечење".

Сите ние сме Коелјо

Реакциите по повод изјавата на Коелјо за „празното дрндање" на Џојс се уште не стивнуваат. Откако критичарот на Гардијан возврати со тоа што го нарече делото на Коелјо „помија", Дежуловиќ се придружува со нова дијагноза. Не е до човекот, вели тој, полошо е.

Неочекувана убавина

Заборавете ги сите оние флеш мобови, кои знаат да бидат трогателни, но се сепак сурогат на вистинската спонтана убавина, која не е мотивирана од ништо друго туку од неа самата. Еве една таква, убава приказна, за летно попладне во Њујорк.

Нов проект на Ларс фон Трир

„Gesamt" (Цело) ги повикува луѓето од цел свет да снимат петминутен филмски материјал како свое толкување на шест понудени дела. Нормално, едно од нив мораше да биде контроверзно.

Музика за пијано и лева рака

Николас Мекарти е роден без една рака, но уште како тинејџер сакал да биде пијанист. Го одбиле со образложение дека никогаш нема да успее. Ама..

Новите во Мериам-Вебстер

Ова време од годината познатиот речник на англискиот јазик го објавува списокот на новите зборови за кои неговите уредници сметаат дека се веќе толку одомаќени во секојдневниот говор што замижувањето пред нивното постоење би било лексикографски грев.

Уште две ваши купчиња за крај

Овој пат што читале летово Марија и Сара. За Букбокс тоа привршува со остварени читачки планови. Се надеваме и за вас.

Чист јазик - полни затвори

Употребувате србизми, турцизми и други заемки? Еве еден хрватски предлог-закон од 1995. за ваквите случаи на „несоодветна употреба на хрватскиот јазик". На чист македонски би искоментирале: у реду е.

Среќен роденден сер Алфред Хичкок!

Мајсторот на психолошкиот трилер, кој направи над 50 филмови во шеесетгодишната кариера, денес би имал 113. Во негова чест, 9 трејлери од славните филмови.

Свиркани химни

Таков голем (спортски) настан како Олимпијадата повлеквит истиот да се користи за разни видови проекти, кои сакаат да ќарат од тајмингот и од темата. Со малку помузикален изведувач овој можеби немаше да остане само на интересна идеја.

Набоков како Калински

Олимпијадата заврши, но уште некое време во ушите ќе ни одѕвонуваат гласовите на спортските коментатори. Штета што меѓу нив нема писатели. Еден Набоков, на пример, би можел одлично да коментира бокс.

Уште ваши купчиња

После првата серија од четири летни купчиња, еве уште две. Кај Букбокс на село како да доjде есен, ама уште имаме за читање. А вие?

Поетска Олимпијада

NPR (National Public Radio), во духот на древните традиции, покани поети од целиот свет да напишат стихови посветени на Олимпијадата. Победникот ќе го одредат читателите, со гласање. Еве го нашиот фаворит.