Букбокс акција

Уште две ваши купчиња за крај

Овој пат што читале летово Марија и Сара. За Букбокс тоа привршува со остварени читачки планови. Се надеваме и за вас.

Марија Димовска

Прва што отиде на плажа беше Слобода на Францен и фино направи еден пресек на американската средна класа и даде поле за преиспитување на слободата.

Втора што прошета беше Steven Pinker "The Language Instinct", не е за на плажа бидејќи постои опасност да наоѓате живи примери за тоа како го учиме мајчиниот јазик и како функционира јазикот. Инаку е супер :)

Третата беше купена во супермаркет во момент на паника дека ми поснемуваат книги за „добро утро".
Имаше уште две, едната крими-роман што се чита во едно одење на плажа, „Dvojnica" не се сеќавам на авторот, а втората беше книгата што имаше останато во торбата за на плажа, некое романче, малку без идеја и концепт.

Поздрав,
Марија

Сара Митева

Здраво :)

Ако се уште ги објавувате купчињата на читателите, би сакала да го споделам моето.

Колекционер - Џон Фаулс
Затоа што имаше интересен опис на корицата кој ме заинтригира. Малку пребарав и видов добри критики.

Секој со своето езеро - Ненад Јолдески
Затоа што ја читав Штамата на Енхалон од истиот автор и многу ми се допадна.

Раскази кои немаат намера да бидат тоа - Андреа Јанковски
Затоа што има интересен наслов и затоа што авторот беше претставен како многу перспективен.

Бегство од биографија - Владислав Бајац
Затоа што Владислав Бајац е Владислав Бајац.

Годината минува, денот никогаш - Жарко Лаушевиќ
Затоа што имам гледано филмови со овој актер и навистина беше добар. Да не зборувам за популарноста на книгата во Србија.

Под притисок - Фарук Шехиќ
Затоа што во најавата пишуваше дека расказите се брутални и искрени. Башка што авторите од Екс Ју посебно ми се привлечни.

Сплит - Славољуб Станковиќ
Затоа што го сакам Сплит. А и авторите од Екс Ју.

Поздрав,
Сара

14 август 2012 - 15:41