Ако треба да се издвои акција на колото и една од најубавите сезонава во Лига Европа ние би гласале за оваа на Динамо Загреб. Понекогаш многу поубави се ваквите едноставни голови од изработена акција во која ги изораа како бавча. Барселона акција.
Ако некој се обидува да ги дискриминира жените во однос на фудбалот гадно се заебал. Овде додуше нема фудбал, туку уметност. Никогаш немаше да погодите дека баш ова ќе го изведат.
Најверните навивачи на струмичка Беласица решиле пред дербито со Тиквеш од втората лига во сабота, да го посетат Кавадарци и притоа да остават трага дека биле во овој убав град. На табелата во втората лига Исток, после 9. кола Беласица е втора со 20 бода а Тиквеш шести со 12.
Изгледаше на загубена топка која одеше во аут, но од тоа се изроди одлично смислено подавање на прва и на крај атрактивна завршница. Голот треба да му се препише на дечкото кој го спаси аутот. Клавајте го на најавна шпица.
Фино е тоа со донирањето храна, облека и други материјални потреби. Но што е со потребите на душата? Театар во Рим почнува акција на 1+1 дониран билет.
Диџеј Стефенс од Ајова Енерџи тимот кој се натпреварува во НБА развојната лига, ја круниса акцијата на годината во оваа дивизија. Постигна 26 поени и беше најзаслужен за триумфот над Форт Вејнд од 108:105.
На денот кога во нашиот градски парк ќе се одвива „Види музика, слушни слика, добиј книга" и во Белград ќе почне интересна акција за промовирање на читањето на јавни места.
Гардијан покани познати британски автори да напишат цел роман во 140 карактери. Резултатот? Па, иако е тешко да се наречат „романи“, некои се навистина добри, заокружени приказни. Пробајте и сами на #твитерфикција.
По нашиот повик да ги фотографирате и искоментирате книгите кои ви прават друштво летово, еве ги првите четворица кои ни ги испратија нивните фаворити. Поканата уште важи!
Вчера (16.06) во „Камарите“ беа донесени и земени стотина книги. Благодариме на сите што дојдоа, се надеваме си најдовте нешто интересно. Книгите што останаа ќе бидат донирани во двата новоотворени клуба на Црвениот крст на град Скопје.
На барање на верните читатели на Букбокс, кои почнаа да прашуваат „кога пак?" веднаш по завршувањето на минатогодишната акција, еве го повторно Фестивалот на јадење книги. Местото останува исто, а иста останува и задачата: