Букбокс акција

„Јадење книги" - пак! (и слики од првиот Фестивал)

На барање на верните читатели на Букбокс, кои почнаа да прашуваат „кога пак?" веднаш по завршувањето на минатогодишната акција, еве го повторно Фестивалот на јадење книги. Местото останува исто, а иста останува и задачата:

- Направете јадење кое по форма (или содржина) асоцира на книга, букви, читање, некој ваш омилен автор или лик од книга;

- Иако ги подржуваме концептуалните дела (на пример празен тањир како трибјут на „Битие и ништо“ од Сартр), сепак повеќе сакаме нешто што навистина може да се испие или изеде;

- Сета донесена храна ќе биде бесплатна, но ве молиме да оставите прилог за Црвениот крст на град Скопје

Исто како и лани, најоригиналната идеја и изведба ќе добие награда.

Настанот ќе се случи на 19. април (четврток) со почеток во 16 часот во сендвичарата „Пепер“, на аголот на Орце Николов и Ленинова. Ви кажуваме со време, да си се подготвите...Ако ви треба инспирација, еве некои од најуспешните минатогодишни прилози.

„Папокот на светот“

„Собрани дела на Џони Штулиќ“ (едно од наградените дела)

„Вишновата градина“

12 април 2012 - 07:58