Една ама вредна

Музика за пијано и лева рака

Николас Мекарти е роден без една рака, но уште како тинејџер сакал да биде пијанист. Го одбиле со образложение дека никогаш нема да успее. Ама..

Во историјата на музиката се забележани случаи на пијанисти кои по силата на приликите останале без десната рака, но не се откажале од кариерата или задоволството. Пол Витгенштајн, братот на филозофот Лудвиг, морал да ја ампутира раката по повреда од Првата светска војна. Но заради неговиот талент, а богами и заради неговото богатство, цела плејада славни композитори, од Брамс, Малер, Равел и Рихард Штраус му пишувале композиции по нарачка. Томас Транстромер, шведскиот поет и добитник на Струшкиот венец, во св. Софија при примањето на наградата свиреше дело исто така напишано специјално за него, и исто така за лева рака, бидејќи само таа му е подвижна.

Но приказната на Николас Мекарти е малку поинаква. Тој е роден без десната рака, но сепак после неколkу одбивања успеал да се запише, а минатиот месец и да го заврши престижниот Кралски колеџ за музика во Лондон. Неговата менторка вели дека тој бил инспирација на бројни колеги, затоа што покажал што може да се постигне и покрај инвалидитетот. Тој е и член на првиот британски параоркестар, кој во Лондон им свиреше на параолимпијците во знак на добредојде.

Освен делата специјално наменети за лева рака на споменатите композитори, тој свири и посебно аранжирани дела кои вообичаено се свират со две раце. Еве ја тука неговата изведба на парафраза на Трубадур од Франц Лист.

15 август 2012 - 15:32