Еве некои од зборовите кои влегоа во изданието од 2012, нам прилично познати:
aha moment: момент на неочекувана инспирација, просветлување, разбирање или признавање (што би рекле битолчани - чактис)
brain cramp: привремена ментална збунка, која резултира со грешка или лоша проценка
bucket list: список на работи кои не сте ги направиле, но сакате да ги направите пред да умрете (изразот стана популарен по истоимениот филм со Џек Николсон)
cloud computing: практиката на складирање регуларно користени компјутерски податоци на повеќе сервери до кои може да се пристапи преку интернет
earworm: буквално ушен црв, песна или мелодија која постојано ви се врти низ глава и од која не можете да се ослободите
energy drink: газиран пијалок кој вообичаено содржи кофеин, таурин и други енергизирачки супстанци
e-reader: рачна електронска направа за читање е-книги и сличен материјал
f-bomb: зборот fuck, кога се користи кај што не му е баш местото
man cave: просторија, најчесто во подрумот, направена според вкусот на мажот во куќата, која служи за негово хоби и одмор
sexting: испраќање на сексуално експлицитни пораки или слики преку мобилен
Во следниве две видеа уредникот на речникот, Питер Соколовски (со акцент на третото О), го објаснува процесот на додавање или изземање на некој збор од речникот. Делува многу едноставно - ако тој континуирано се користи во тек на подолг временски период, особено во пишуваните медиуми кои се први кои се обработуваат (апла, со заокружување со пенкалце и внесување во база на податоци на секој контекст во кој е употребен одреден збор), тогаш веројатноста дека зборот ќе влезе во речникот е голема.
Oд друга страна, постојат и такви зборови кои опстануваат во речникот, но го менуваат значењето, и тоа најчесто од буквално во метафорично. Следењето на овие промени е клучно за да се биде во чекор со еволуцијата на јазикот, која очигледно, барем во случајот со англискиот е брза штом има потреба речникот да се обновува еднаш годишно.