Ирвин Велш, шкотскиот автор најпознат по „Трејнспотинг", зборувајќи на меѓународна конференција во Единбург која се одржува од 11-27. август, ја опиша инаку престижната награда како „крајно империјалистички ориентирана, со добитници кои се граѓани на поранешни колонии". Освен тоа фактот што организаторите не реагираат на обвинувањата за анти-шкотско расположение, кои доаѓаат од повеќе страни, тој го опиша како знак на „ароганција" и „интелектуално опаѓање".
„Тоа дека Букер е инклузивна, недискриминирачка награда може да биде соборено од кој и да е со рудиментарно познавање на основи на социологијата", изјавил Велш, додавајќи дека со тоа што наградата се доделува на припадниците на високата средна класа излегува дека токму нејзиниот вкус треба да биде мерило за квалитетот на сета литература.
Букер се доделува секој октомври, а добитникот за 2011, после четири неуспешни номинации, беше Џулијан Барнс за неговата „Чувство за крај".