Таг: Букер

Букер започнува клупски предизвик

Шест групи ќе бидат избрани да прочитаат книга од потесниот избор, а најоригиналните читатели ќе бидат поканети на церемонијата на доделувањето на престижната награда. 

Книгите во последно време се здебелуваат - и тоа не е добро

Ова, дека книгите стануваат сè подебели, со жалење го констатираат судиите за овогодинешната награда Букер. Затоа што како што книгите добиваат на страници, така читателите губат на трпение.

Графичка новела прв пат во конкуренција за Букер

Насловот на книгата е „Сабрина“, и е трилер-дистопија во која се истражува исчезнувањето на една млада жена. Навиваме за неа на непрочитано, заради поддршка на медиумот на графичкиот роман, кого многумина неправедно го потценуваат.

2015 - година на долгите книги

Според истражување кое зело предвид 2,500 книги кои се појавиле на бестселер листите на Њујорк тајмс, како и најдискутираните книги на Гугл, просечната должина на книгите (на англиски) од 320 страници во 1999 се зголемила на 400 страници во 2015. Што така?

Букер e симбол на империјализмот

Букер или како што гласи нејзиното целосно име, Man Booker Prize, е книжевна награда која од 1968 се доделува секоја година за оригинален роман, напишан на англиски, од граѓанин на „Комонвелтот, Ирска или Зимбабве". Ви звучи малку постколонијалистички?