Во 1981-2 Американската стоматолошка асоцијација снимила 22 џингла како дел од кампањата за здрави заби. Три од нив биле на Френк Запа. Баш убедливо звучи кога зборува за балансирана исхрана и четкање на забите по секој оброк. Како кога ние би ве убедувале да ја баталите бозата и да ја замените со сок од целер.