Како ги доживувате „Улис" на Џојс, драмата „Татко" на Стринберг, сликата „Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме?" на Пол Гоген, импровизациите на францускиот композитор Сезар Франк, песните на Семи Дејвис јуниор или Полето на цепелини (Zeppelinfield) во Нирнберг на германскиот архитект Алберт Шпер?
Доколку снимите оригинално видео како реакција на едно или повеќе од овие дела станувате потенцијален учесник во филм во режија на данската уметничка Јенле Халунд, кој ќе биде премиерно прикажан на 12. октомври во Копенхаген. „Контроверзното" во овој избор е делото на германскиот архитект Шпер, кој за време на Втората светска војна бил министер за вооружување на Третиот Рајх, особено по изјавата на Трир на минатиот Кански фестивал дека „го разбира Хитлер" и дека Шпер му се допаѓа бидејќи имал талент.
Вашите дела можете да му ги испратите онлајн на организаторот до 6. септември.