КРЕВАЊЕ
од Оујанг Ју (Кина/Австралија)
Со години
сонувам да го претворам
пишувањето во спорт
на Олимписките игри
кој би се викал, прелимирано
Зборокревање
при што јас би ја имал
наједноставната изведба
со кревање
на најлесниот и најживиот збор:
Љубов
додека тој не полета
подигнувајќи ме, бестежински
на небо
од очи полни нежност.