Bookbox

Заразната природа на бактериските или вирусните инфекции се добро познати. Ако некој ти кашла во лице, а е болен од грип, има шанси и ти наскоро да се разболеш. Но што е со менталното здравје? 

Луѓето имаат извикувано „буу“ или верзија од истото, за да ги уплашат другите, од средината на 16 век. Ама духовите? Изгледа дека тие малку подоцна ја научиле финтата.

Oд бугарски пазар на робови до изворот на Нил - неверојатната приказна за лејди Бејкер

Била позната под повеќе имиња - Флоренс Барбара Мари Финијан или Флорика Марија Сас, или Барбара Марија Шаш. Родена 1841 во Трансилванија, во средината на 19 век дел од кралството Унгарија, таа од сираче станала робинка, па авантуристка која го истражувала изворот на Нил, за на крај да почине како англиска лејди.

Дали може да се фотографира дух?

Вилијам Хоуп тврдел дека може да го документира присуството на духови во моментот на сликањето. Контроверзните слики кои тој ги направил сега ни помагаат да ја разбереме историјата на фотографијата. 

Кога нацистите дошле на власт, овој еврејски актер ја презел улогата на својот живот

Откако бил избркан од германската сцена во 1934 од антисемитските струи, Лео Ројс нашол неверојатен начин да се скрие пред очите на сите. Се преправил во селанец од Алпите, пуштил брада, си ја обелил косата и почнал да добива улоги поради својата „аматерска автентичност“. Кога пак пребегнал во Холивуд, таму играл - нацисти!

Вејтс за музичарите кои прават реклами

Во 2002., откако прочитал текст од Џон Дезмор, тапанарот на „Дорс", кој зборува за отстапувањето на авторска музика за реклами, Том Вејтс кој претходно успешно се судел со компанијата Фрито леј за 2 милиони долари (подоцна и со Левис, Ауди и др.) го напишал следново писмо до The Nation.

„Гугла“ во речникот на македонски јазик?

„То Google" официјално влезе во Меријам Вебстер и во Оксфордскиот речник на англиски во 2006. Но истиот си постои, во идентична или адаптирана форма, и во други јазици. Само прашање на време е кога и тие верзии ќе влезат во нивните стандардни речници. 

Секс, дрога и Харвард

Славниот универзитет - симбол на елитистичка и строга академска атмосфера - тукушто откупил огромна збирка книги, постери, филмови, писма и други предмети поврзани со...секс и дроги!

Почина Оскар Нимаjер (104)

Оскар Рибеиро де Алмеида Нимаер Соарес Фиљо, попознат како Оскар Нимаjер, во 1956. отишол со претседателот на Бразил, Кубитчек, да посети една огромна, сува савана, среде ништо. „Ќе изградам нов главен град и сакам да ми помогнеш", му рекол претседателот на Оскар.

Книга за само една песна

Снимен во 1984., Various Positions беше единствен албум на Коен одбиен од неговата дискографска куќа. Речиси никој не забележал кога песната сепак излегла, под независна етикета. Оттогаш, преку десетици кавери и како дел од филмска или телевизиска музика, „Алелуја" стана антологиска.

Автопортрети на славните

Од застапените само за Боуви знаеме дека студирал сликарство, па можеби затоа серијата негови автопортрети од 90-тите минатата недела е продадена за 6,500 фунти. Но и другиве не се лоши.

Џони Кеш и Google Earth

„Сум бил насекаде", напишана од Џеф Мак во 1959., се однесувала на градови во Австралија, а Хенк Сноу во 1962. ја прилагодил за Северна Америка. Во 1996 Џони Кеш со неа „пропатувал" низ стотина места, кои сега со него можете да ги посетите и вие.

Teтрис, Пикасо и Пекмен

Њујоршкиот музеј на современа уметност најави дека од март 2013. во една од неговите галерии ќе биде сместена постојана збирка на видео игри.

Биди си ти

Во Букбокс, а и во off.net, често пристигнуваат текстови на читатели кои од нас бараат мислење за тоа што го напишале, дали „вреди" да се пишува, како „треба" тоа да се прави.

„Цезар мора да умре" (2012)

Филмот следи група актери кои ја подготвуваат шекспировата „Јулие Цезар" . Навидум ништо посебно, додека не сфатите дека не се работи ниту за вистински актери, ниту за филмско студио.

Ротко од ориз

Во 1958. Марк Ротко, руско-американскиот апстрактен експресионист со еврејско потекло, бил ангажиран да направи серија мурали за ресторанот „Четири сезони" во Њујорк - место каде според него доаѓале „најбогатите копилиња од Њујорк за да се нахранат и да се фалат". Ја прифатил понудата од инает, за неговите слики да им го расипат апетитот.

Лудите Сајмон и Шустер

Издавачите очигледно полека но сигурно ги трошат адутите за зголемување на профитот од печатење книги, па почнуваат со мерки кои изгледаат ко „како малиот Трпе замислува бизнис атмосфера".

12 прашања за Вуди Ален

Роберт Вејд, трикратен добитник на наградата Еми, најпознат по неговите документарци за браќата Маркс, Лени Брус и по соработката со Курт Вонегат, во 2011 прави филм за Вуди Ален. За да не повторува излитени прашања, одлучил да биде креативен.

Macy Gray - Here Comes the Rain Again

Ова е еден од оние специфични женски вокали кои не личат на ниту еден друг. „Чкрипавиот“ глас на Мејси Греј и обработката на познатата песна на Јуритмикс од нејзиниот нов албум Covered, кој содржи и преработки на песни од Рејдиохед, Нина Симон и Металика.

Одјавни шпици со поента

Филмот завршува, ја напуштате салата или го гасите телевизорот, но со тоа пропуштате да ги видите одјавните шпици, кои кај некои филмови навистина го красат делото.

Леви-Строс каков што (не) го познаваме

Новинарот и филозоф, Доминик-Антоан Грисони, му прави интервју на големиот антрополог-структуралист Клод-Леви Строс, во форма на интимен речник. Одговорите се на места сурово искрени - на човекот кој доживеа 101. очигледно при крајот на животот многу работи веќе му биле јасни.

Колку може да се објасни во пет секунди?

Немате време за долги историски лекции и детали од биографиите на славните личности? Сакате сè да ви се објасни во два збора, или уште подобро, да ви се „нацрта“? Ова е книгата за вас. Ако таа ви е долга и сложена, има и видеа.

Пива со вкус на книги

Пивата на Rogue Ales (нешто како пива за никаквеци) и до сега биле познати по експериментите со вкусовите на пивата, кои се ноќна мора за ортодоксните пивопии, a радост за останатите. Ама сега решиле во пивото да замешаат и книжевност. Буквално.

Гласови од целиот свет, сплотете се

Има повеќе причини зошто ви го препорачуваме следново видео. Прво, типот е многу згоден. 

Taпа конференција 2012

Има денови, како овие ноемврискиве, кога имам впечаток дека во градов не се прави ништо друго освен што се оди на конференции. Без оглед на темата, нивните организатори гледаат тие да бидат интересни. Но овие во Лондон трета година по ред гледаат на слушателите да им биде - што поздодевно!

Интелектуален мешап

Откако протече информацијата дека Жижек сака да се дружи со Лејди Гага, човекот почнаа да го зафркаваат дека станува филозофски гуру на поп ѕвездите. Еве го сега во устата на Кеша. Упс! (затворен цитат)

Лош (книжевен) секс

Британското списание од областа на културата The Literary Review и оваа година ќе ја додели Bad Sex Award - наградата за најлошиот опис на секс во литературата.