Познатата Simon&Schuster, една од четирите најголеми издавачки куќи во светот кои печатат на англиски, заедно со Random House, Penguin и HarperCollins, основана 1924, ангажирала агенција за самопомош за да им смисли нов начин на работа, кој повеќе би ги мотивирала постечките вработени и би привлекла нови.
Револуционерниот пронајдок на ангецијата, базиран врз бестселерот „7 навики на успешните луѓе“ - концептот на WIG или Wildly Important Goal (Лудачки важна цел).
Секој оддел и секој вработен во компанијата има за задача неделно да си ја одреди таа ептен луда цел и, нормално, да ја оствари. На крајот на неделата се одржуваат состаноци на кои се проценува успехот и, како во некоја сцена од The Office, вработените се наградуваат или казнуваат. На пример оној кој се покажал мрзлив или недоволно успешен станува „замрзнат": во текот на состанокот никој не смее да зборува со него, а (не)успехот на вработените се објавува на огласните табли на компанијата.
Објаснувањето е дека вработените работат подобро кога се наоѓаат во натпреварувачка атмосфера. Во ситуација каде сите можат да видат дали поединецот 'победува' или 'губи' сите се обидуваат да ја остварат целта. Со еден збор - општествен притисок куќа гради.
Случајно или не, компанијата истовремено објави акција, Archway Publishing, со која на авторите ќе им се овозможи да ги објавуваат нивните дела по цена од илјада долари. Да, да, авторите да ѝ платат на издавачката куќа за да бидат објавени. Е, не, ќе се зафркаваме.