Таг: издаваштво

Што ќе се случи сега кога ТикТок влегува во издаваштвото на книги?

Неодамна на пазарот се појави нова издавачка куќа, БајтДенс, дел од компанијата ТикТок, која освен по кратките вирални видеа е позната и како социјален медиум преку кој се промовираат книги, кои на тој начин бргу стануваат бестселери. Многумина во издавачкиот свет сметаат дека ова ќе создаде нелојална конкуренција на сметка на авторите кои не се, и не сакаат да бидат на оваа социјална мрежа.

„Лупен на издаваштвото“: измамникот кој излажал стотици уредници и автори

29-годишен вработен во познатата издавачка куќа Сајмон и Шустер неколку години извлекувал необјавени ракописи од познати автори и комуницирал преку лажни профили со уредници и агенти како да е претставник на бројни издавачи. Она што ја мати целата работа е - зошто? Вака добиените вредни ракописи не биле пиратирани, не биле продавани, а тој не барал откуп за нив. Можеби само сакал да ги прочита?

Го искачивме врвот на планината од селебрити-мемоари

Ако сите сме главен лик во приказната и секој може да стане славен, можеби треба да одлучиме чии приказни вреди да се раскажат.

Кансел-културата упорно ја тероризира книжевноста

Дури и познати автори паѓаат како жртви и се принудени да направат политички коректни измени.

Станува модерно да си признаеш дека читаш љубовни романи

Романсите отсекогаш биле популарни, но никогаш претходно луѓето не биле вака спремни гласно да признаат дека ги читаат.

Издавачите почнаа да „палат“ книги

Од аплаузи за доближување на поезијата до децата од работничката класа, до понижување до степен да прифати преправки на нејзините дела за некој осетлив да не се навреди.

Кога издавачите го пиратирале Волтер (а и тој самиот себеси)

Нова книга под наслов „Пиратирање и издаваштво: трговијата со книги во добата на просветителството“ од Роберт Дарнтон, раскажува за начинот на кој функционирале овие бизниси во 18 век. Не само што издавачите пиратирале, а книжарите биле соучесници во истото, туку некои автори се пиратирале и самите себеси.

Зошто книгите излегуваат прво во тврд повез?

Секој оној кој нестрпливо очекувал да излезе некоја книга (колкумина има такви?) знае дека барем што се однесува до странските изданија прво излегува верзија во тврда корица (хардкaвер) а потоа во мека (пејпрбек). И дека ако сака да помине поевтино ќе мора да се стрпи, понекогаш цела година. Зошто е тоа така?

Црвената линија: кога уредникот му се меша на писателот

Не сме чуле за случај уредник во наша издавачка куќа да се осмелил да му чепне во делото на домашен автор. За разлика од ваквиот нежен однос, во други контексти копи-едиторот знае да биде и продуктивен, но и многу суров соработник. Каде е границата?

Ново работно место: политички коректни читачи

Издавачите, можеби превентивно, а можеби затоа што некогаш се изгореле, сега дуваат и на јогурт - ангажираат посебни читатели, кои се „сензитивни“ за некоректности од различен вид, и кои алармираат доколку забележат такви моменти во книга која допрва треба да се објави.

Некогаш револуционерниот прирачник за жени ќе престане да се печати

„Нашите тела, ние самите”, прв пат објавена во 1970-тите, предизвикала револуција заради третманот на до тогаш табуизираните теми. Сега, организацијата која ја издава книгата повеќе од 50 години изјавува дека ќе престане со печатење нови примероци. Oбразложението - жените веќе не зависат од книги за да се информираат за сопственото здравје и сексуалност.

Зошто Норвешка е најдобрата земја за писатели?

Гарантиран откуп на 1000 копии. Месечен приход до пензија, или барем неколкугодишна стипендија. Потенцијална читателска публика која е 100% писмена. Да си норвешки писател, Господ да те види.

Академски списанија со лажни уредници

Во рубрикава толку често сме пишувале на теми поврзани со академското издаваштво што слободно може да отвориме посебна подрубрика. Ама пустото, има уште за пишување.

Автобиографија на највлијателниот издавач на 20 век

Да oбјавуваш книги на неупатените им звучи како некаква административна работа, која повеќе има врска со пари отколку со уметност. Но важните издавачи во историјата на литературата не се занимавале само со печатење книги, туку промовирале идеи и менувале цели култури.

Издаваштвото е речиси исто толку „бело" колку и Оскарите

Ако сте издавач во САД голема е веројатноста да сте бела, хетеросексуална жена, без физичка попреченост. Така барем велат резултатите од истражување кое на оваа тема се спровело прв пат, по нарачка на Lee&Low Books, издавач на детскa литература.

Маркс стана капиталистичка сопственост

Историјата се повторува, напиша Маркс, прв пат како трагедија, втор пат како фарса. Свеж доказ за оваа тажна вистина е следнава: Марксистичката интернет архива ги брише сите текстови на својот сајт кои се преземени од 50-томните собрани дела на Маркс на британскиот издавач Lawrence&Wishart.

Дримворкс почнува со издавање книги

Дримворкс прес ќе објавува книги во печатена и дигитална форма - ова е одлуката на познатото студио за анимација, како чекор за сопствено ширење и диверзификација на бизнисот.

Лудите Сајмон и Шустер

Издавачите очигледно полека но сигурно ги трошат адутите за зголемување на профитот од печатење книги, па почнуваат со мерки кои изгледаат ко „како малиот Трпе замислува бизнис атмосфера".